Список на египетски божества

Статија поврзана со Египетска митологија.

Забелешка: повеќето божества имаат по неколку имиња.

Анк, светиот знак на животот.
  • Амаунет - првата жена на Амон, создадена од Нун
  • Амут - чудовиште од повеќе делови, ги проголтува лошите луѓе
  • Амон - бог на Теба
  • Амон-Ра - спој на Ра и Амон, богот на Теба, стариот град
  • Анубис (Анпу) - бог на балсамирањето, првобитно бог на подземјето, бог-шакал, незаконски син на Озирис
  • Апоп (Апеп) - зол демон, темница и хаос, кобра, дете на Неит, непријателка на Ра
  • Атум (Тем, Тему, Тум, Атем) - бог на создавањето, на залезот на сонцето, имал овновска глава
  • Бес - бог на веселбите и танцот, чудно џуџе
  • Кек - бог на темнината, творец на вселената
  • Кепри - бог на утринското сонце, скарабеј
  • Консу (Конс, Кенсу) - бог на Месечината, заедно со своите родители Амон и Мут заштитник на Теба
  • Маат (Ма’ат или Мает) - ги штити вистината, правдата и хармонијата, понекогаш претставена и како божица, ја сметале за сестра на фараонот, ја надгледува работата на целата вселена
  • Меретсегер - божица-кобра, заштитничка на Долината на кралевите во Теба
  • Мин - бог на машката плодност и ерекција
  • Мут - божица на мајчинството, втората жена на Амон
  • Неит - божица на војната, древна северна божица, ракува со лак и стрела, „Мајка на Боговите“
  • Нефтида - божица на подземното царство, на ноќта и гробниците, жена на Сет, а љубовница на Озирис
  • Нун - океан според еден, а бог според друг мит
  • Нут - божица на небото, мајка на ѕвездите и боговите
  • Птах - бог на уметноста
  • Ра - бог на сонцето, имал глава на орел; во старото и средното кралство - крал на боговите
 
Големата сфинга во Гиза.
  • Секмет - божица-лавица, воинствена, свирепа и осветољубива
  • Серкет - божица на скорпиите и на лечењето, заштитничка на мумиите и фараоните
  • Сешат - божица на пишувањето, мудроста и науката, записничарка на боговите
  • Сет - бог на хаосот, силата, војната, бурите, и пустините, имал глава на волк
  • Собек - бог-крокодил, бог на плодноста, скриен во мочуриште
  • Сфинга - чудовиште со човечка глава и тело на лав, а може да биде и со глава на овен
  • Таварет - божица - нилски коњ, заштитничка на децата и бремените жени
  • Тефнут - божица на водата и плодноста, на дождот и влажноста, претставена со глава на лав
  • Тот (Техути) - бог на месечината, пишувањето и знаењето, бог - ибис
  • Феникс - света волшебна двополна птица, се споменува и во Кина
  • Хапи - бог на Нил и водите, дава плодност на Земјата, поважен им е на селаните од самиот Ра
  • Хатор (Хеб) - божица на сонцето, „окото на богот Ра“, заштитничка на мртвите, божица-крава
  • Хекет - божица-жаба, знак на животот и плодноста
  • Хнум - бог-овен, грнчар, ги создал луѓето на својето грнчарско тркало
  • Хор (или Херу, Хер) - бог на воскреснувањето; постојат два Хоруса - едниот е претставен како сокол, а другиот со човечко тело и глава на сокол
  • Хух - бог на небесната вечност и бесконечност, еден од творците на светот, заедно со Нун и Амон
  • Шу - бог на воздухот