Кепри (Кепер, Кепер, Кепра) во египетската митологија е бог - скарабеј (лепешкар). Тоа е свет инсект кој го турка Сонцето низ небесниот свод. Тој е една форма на богот Ра, и го претставува Сонцето наутро. Напладне Сонцето е Ра, а навечер Атум.

Кепри како човек
xpr
r
iC2

Претставен е во облик на лепешкар т.е. скарабеј, инсект кој од изметот прави топчиња и ги тркала. Така е замислен Кепри како го турка Сонцето по небото. Исто така претставува нов живот, и присутен е во погребната уметност. Во гробницата на Тутанкамон откриен е ликот на Кепри.