Четири Хорови синови

Четирите Хорови синови биле богови - синови на богот Хор и заштитници на мумиите, а им помагале моќни божици. Тоа се Имсет, Дуамутеф, Хапи и Кебехсенуеф. Божиците кои им помагале биле: Изида, Нефтида, Неит и Серкет. Мајката на овие синови е Изида, или Хатор. Ликовите на овие богови се наоѓаат на садовите во кои се ставале внатрешните органи.

Главите на четирите синови на Хот.

Имсет има човечка глава, бог е на југ и заштитник на црниот дроб.

Дуамутеф има глава на шакал, со што потсетува на Анубис, кој му е стрико. Бог е на истокот, заштитник на стомакот.

Хапи има глава на мајмун, бабун. Бог е на северот, и заштитник на белите дробови. Хапи често го мешаат со богот на Нил и водите - Хапи.

Кебехсенуф има глава на јастреб. Бог е на западот и чувар на цревните органи. Ги штити луѓето од цревните болести.