Консу (Конс, Коншу, Кенсу, Консу) е древно египетско божество. Консу значи „скитник“, а божеството патува по ноќното небо, односно скита, како и неговиот татко во текот на дент. Го викале и „градител“, „бранител“ и „водач на патот“.

Консу како дете на Амон и Мут.
Консу како сокол со месечина на главата.

Консу е син на Амон и Мут. Бог е на Месечината, и еден од заштитниците на Теба, каде е почитуван заедно со своите родители. На главата има диск на Месечината, односно на полната месечина. Ги штити децата и дава плодност, како и Мин, има сокол на главата, па заради тоа наликува на Хор. Понекогаш е прикажан како Птах, со бич и стап, заштитник на фараоните.