Бес е бог на веселбата, музиката и танцот. Тоа е мало насмеано човече кое воопшто не наликува на другите божества од египетската митологија, туку повеќе наликува на некои африкански божества. Многу бил популарен, и често е прикажан како се смее. Го почитувале низ целиот Египет.

Богот Бес од храмот во Дендера