Сешат
Сешат (Сесат, Сешета, Сесхата или Сафкет) е древна египетска божица на знаењето, мудроста и пишувањето. Нејзиното име значи „таа што пишува“ т.е. писарка и нејзе и се припишува измислувањето на пишувањето. Била записничарка на боговите. Исто така е заштитничка на астрономијата, астрологијата, градењето, математиката и науката.
Господарка на Библиотеката е друг назив на Сешат и нејзините свештеници се грижеле за најважните списи. Принцот од четвртата династија, Веп-ем-нефрет, на една стела е забележан како Надзорник на Кралските Писари, Свештеник на Сешат. Нејзиното главно светилиште било во Хелиополис. Таа е опишана како божица на историјата.Пишувањето било многу значајно во тоа време кога ретко кој знаел да чита и да пишува, затоа Египќаните ја прикажувале со папирус, кој е нејзин симбол. Облечена е во кожа од леопард, а точките ги претставуваат ѕвездите. Кога богот на Месечината Тот станал заштитник на мудроста, Сесхат полека го изгубила своето значење.