Секмет
Секмет (Силна, наречена и Сакмет, Сакет, Сакмет и Сакмида) е божица - лавица, божица на војната, на огнот и чумата. Таа е прикажувана како лавица, најжестокиот познат ловец за Египќаните. Се вели дека нејзиниот здив ја формирал пустината. Таа била заштитничка на фараоните и ги предводувала во војните. Нејзин сопруг е богот на уметноста Птах.
Секмет е исто така сончево божество, понекогаш се нарекува ќерка на богот на сонцето Ра и често се поврзува со божиците Хатор и Баст. Таа го носи Сончевиот диск и урејот што ја поврзува со Ваџет и ројалност. Со овие асоциации таа може да се толкува како божествен арбитер на божицата Маат во Судскиот Хол на Озирис, асоцирајќи ја со Ваџет (подоцна Окото на Ра), и исто така поврзувајќи ја со Тефнут.