.

Оваа статуа на Собек била пронајдена во мртовечкиот храм на Аменемхет III (кој бил поврзан со неговата пирамида во Хавара во Фајум
sbk
I4
Собек

Собек (Себек, Сохет, Собки и Сокнопаис) е бог на крокодилите во египетската митологија, подводен демон од Нил, но исто така и бог на плодноста.

Врховен владетел е на сите слатки води, односно езера, реки и мочуришта. Египќаните верувале дека колку повеќе крокодили има во реките, толку повеќе среќа и обилна жетва. Амајлијата што ја носи Собек е слична на онаа на Ра, па поради тоа го нарекувале и Собек-Ра. Собек е син на божицата Неит. Неговото име вообичаено се изговарало без вокали - „сбк“.