Стефан Урош Немањиќ (Рашка, 1223 - Хум, 1 мај 1277) - српски крал од 1241-1242 до 1276 година. Тој бил син на Стефан Немања II Првовенчан и Ана Дандоло, внука на венецијанскиот дужд Енрико Дандоло.

Стефан Урош I
Стефан Урош I со синот Драгутин
Крал на Србија
На престол1243–1276
Крунисување1243
ПретходникСтефан Владислав
НаследникСтефан Драгутин
Роден(а)околу 1223
Рашка
Починал(а)1 мај 1277 (на возраст од 55)
Хум
СопружникЈелена Анжујска
Деца
Династијадинастија Немањиќи
ТаткоСтефан Немањиќ
МајкаАна Дандоло
Вероисповедправославие
ПотписСтефан Урош I's signature

Животопис уреди

Ниту еден од тогашните пишани извори не говори за превратот кој довел до пад на кралот Стефан Владислав I и на преземање на власта од страна на Стефан Урош I. Според Даниловиот зборник, Стефан Владислав владеел во својата татковина седум години. Престолот го презел после септември 1233 или најдоцна во почетокот на 1234 и веќе во средината на 1241 година владеел полни седум години. Тогаш можел да биде принуден да се повлече од престолот. Затоа се верува дека самата вест за смртта на бугарскиот цар Иван Асен Втори била доволна за неговото соборување од престолот во Србија, зашто тој бил бугарски зет и штитеник. Така, Стефан Владислав можел да биде сменет уште од јуни до октомври 1241 година, а најдоцна до времето кога поминале Монголците, односно, во април 1242 година. Српските благородници на престолот го донеле третиот брат, Стефан Урош I.[1]

Пристигнувањето на Tатарите до Дунав 1241-1242 година не само што довело до политички пресврти, туку потоа започнува интересен период од српската историја, која е поврзана со пристигнувањето на германските рудари, познат како Саси. А Узелац укажува дека Татарите убиле многу жители во Унгарија, а други биле однесени како робови, и дека поради тоа некои Саси бегајќи пред нападот на Монголците 1241-1242 година преминале од Трансилванија во Србија[2]. Тие на почетокот на четвртата деценија од 13 век донеле нови техники за наоѓање и преработка на руда од скапоцени метали, особено сребро, бакар и олово. Нивното знаење и способност за ревитализација на производството на метали нашироко му ја отвориле вратата на српското стопанство кон средоземниот пазар. Сасите во Србија за првпат експлицитно се спомнуваат во пишани извори од 1254 година во Урошева повелба за рударската населба Брсково на Тара, но Брсково како пазар е споменато во 1243 година[2]. Сасите потоа развиле други рудници; рудникот Трепча, Рогозна, Ново Брдо и во други рударски области. Развојот на рударството во Србија започна со изработка на трговски врски со морскиот брег и јужниот дел на Италија, но, исто така и развојот на урбаните населби и целото стопанство во Србија. Стефан Урош I ковел сребрени монети, и повисоките приходи на кралот му овозможиле постепено да станат независни од благородништвото, бидејќи тој можел да држи значителна платена војска.

Во средината на 13 век Бугарите имаа можност уште еднаш да се обидат да се вмешаат во прашањата на Србија. На крајот на петтата деценија на 13 век имало конфликт со архиепископот на Дубровник Баран. Дубровник се обидел да го потчини на својата верска власт градот Бар. Кога папата го поддржал барањето на Дубровник, луѓето од Бар побарале заштита од својот световен владетел кралот Стефан Урош I. Затоа, влошените односи помеѓу Стефан Урош I и Дубровник довеле до војна. Дубровчаните нашле сојузник во Бугарија, и една бугарска војска навлегла во Србија во 1254 година, но војната наскоро завршила. Се претпоставува дека ова влијаело унгарскиот крал да се стави на страна на Стефан Урош I, кој потоа станал вазал на унгарскиот крал. Затоа Дубровник морал да се смири со Стефан Урош I во август 1254 година, но мирот уште еднаш е прекинат во 1275 година, кога Стефан Урош неуспешно го нападнал Дубровник.[3]

Судир со Никејcкото Царство уреди

 
Србија за време на владеењето на Стефан Урош I

На југ, во судирот на Епирската деспотовина против Никејското Царство, Стефан Урош I се нашол на послабата страна. Тој му испратил на владетелот на Епир Михаил II Ангел 1.000 војници во 1257 година, кои го зазеле северниот дел на Македонија со Скопје. Армијата на Никејско Царство ги поразила Епирците и ја презела Македонија во 1259 година, а српските војници ја напуштиле територијата што привремено ја држеле. Во Никејското Царство по отстранувањето на царот Теодор II Ласкарис на власт дошол Михаил VIII Палеолог, кој во јули 1261 година го зазел Цариград и така го обновил Византиското Царство. Стефан Урош I настојувал да воспостави поблиски пријателски и роднински односи и да се поврзе со Михајло VIII Палеолог. Преговарал за брак меѓу помладиот син на кралот Милутин и Ана, ќерката на византискиот цар. Кога Византијците се увериле дека Милутин нема да го наследи престолот, под изговор дека унгарската принцеза во брак со Драгутин живее како слугинка го оневозможиле бракот тврдејќи дека принцезата Ана ќе станела „не кралица туку робинка“ на српскиот двор. Преговорите се водени околу 1271 година, после тоа Стефан Урош I се свртел кон противниците на Византиското Царство, кон кралот на Сицилија Карл Анжујски. Потоа тој се обидел да воспостави поблиски односи со него. Карл бил во потрага по сојузници против Византија и не е невообичаено што, во писмата, жената на Урош Јелена се нарекувала роднинка.[4][5]

Во времето на обновување на Византија, Стефан Урош бил вазал на кралот на Унгарија, а во 1260 година тој испратил дополнителни единици во војната против бохемскиот крал, но добрите односи на Стефан Урош I и Унгарците биле нарушени кон крајот на 1267 година, или почетокот на 1268 година.[6][7] Тогаш кралот Стефан е во Унгарија бил поразен од војската на Бела IV и бил заробен со дел од своите благородници. Урош I морал да плати откуп и да ги признае вазалските обврски кон унгарскиот крал. По судирот, а како дел на помирување, склопен е брак помеѓу Стефан Драгутин, постариот син на Урош и Каталина, ќерката на унгарскиот крал Стефан V.[8][9] Стефан Драгутин тогаш станал престолонаследник.

Стефан Урош I настојувал да се зајакне единството на земјата. Затоа, од кралската титула отфрлил „Захумље, Tравунију и Диоклитеију“. Во сочувани повелби на Дубровник тој во кириличен текст се нарекува: „Стефан Урош, со помош Божја станал крал на сите српски и поморски земји“. Истата титула „самодржец на сите српски и поморски земји“ користеле и неговите наследници. Во средината на XIII век од одредени области на својата земја, ги елиминирал ограноците на владетелска династија на Немањиќи. Така ги тргнал потомците на кнезот Мирослав од Захумље и потомците на кралот Вукан од Зета.[10] Тој ја укинал владетелска титула на големиот кнез на Дукља и кнез на Хум а вовел централизирана власт.

Како противник на силната централна власт се појавил кралскиот син „младиот крал“ Стефан Драгутин. Поради упорно одбивање на Стефан Драгутин да му додели посебна област за управување меѓу нив настанала војна. На Драгутин му помогнала унгарската војска испратена од страна на Кралот Ладислав IV, војната завршила со победа во земја наречена Гацко. Така, крал Стефан Урош бил поразен од Драгутин и унгарскиот одред во областа на Гацко во 1276 година.[11] Се чини дека постои некој вид на договор со родителите на Стефан Драгутин.

Наводи уреди

  1. Логос 2016, стр. 142-143.
  2. 2,0 2,1 Узелац 2015, стр. 53-55.
  3. Логос 2016, стр. 147-148.
  4. Историја српског народа, I, Београд (1994). стр. 354.
  5. Логос 2016, стр. 148..
  6. Fejér, Tomi IV, Vol. 3 1829, стр. 490-491.
  7. Fejér, Tomi V, Vol. 1 1829, стр. 239.
  8. Fejér, Tomi V, Vol. 1 1829, стр. 126.
  9. Логос 2016, стр. 149. Во повелбата на Стефан V од јули 1271 пишува „regem Seruiae; et Stephanum filium eius, iuniorem regem Seruiae, generum nostrum; ...”, т.е. „крал на Србија [Урош I], и Стефан [Драгутин] синот негов, млад крал на Србије”, а зет на унгарскиот крал.
  10. Логос 2016, стр. 149.
  11. Логос 2016, стр. 150-151.

Литература уреди