Солјанка (руски: соля́нка, првично селя́нка,) е густа, зачинета и кисела супа од руско потекло[1][2] која е вообичаена во Русија, Украина и другите држави од поранешниот Советски Сојуз и одредени делови од поранешниот Источен блок. Тоа било едно од најпопуларните јадења на поранешна Источна Германија (германски: Soljanka(-Suppe)).

Сад со солјанка со кисели краставички, маслинки и лимон

Преглед уреди

Има три основни типа на солјанка, во кои главната состојка може да бидат месото, рибата или печурките. Сите содржат кисели краставички со саламура, и често зелка, солени печурки, компири, павлака и копар. Супата се подготвува со готвење на краставичките со саламура пред да се додадат другите состојки во супата.

  • За солјанка со месо, состојките: говедско месо, шунка, колбаси, пилешки гради заедно со кисели краставички, домати, кромид, маслинки, капари, пименто, магдонос и копар ситно се сечкаат и се ставаат во тенџере. Се додава супата и се загрева кратко време на шпоретот, без да врие. 
  • Солјанка со риба се подготвува на сличен начин, но зеленчукот се готви во супата. Месото се заменува со риби како што се есетра, лосос и слатководните ракови. На крај, во супата се додава малку сок од лимон
  • За солјанка од печурки, исечканата зелка се загрева на путер заедно со оцет, домати, кисели краставички и малку саламура. Печурките и кромидот одделно се загреваат и се додава рендана кора од лимон. Зелката и печурките се додаваат во слоеви, се додаваат лебни трошки и путер, а супата кратко се готви. 

Солјанка е популарна и во поранешна Источна Германија (сегашните германски покраини Бранденбург, Мекленбург-Западна Померанија, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, заедно со источниот дел од Берлин), каде што најчесто може да се најде во ресторани и достапна е конзервирана да се купи во продавниците за храна. (Германската транслитерација е Солјанка.) Оваа практика произлегува од ерата кога советските трупи биле стационирани во ГДР, а Солјанка била дел од менито во многу источногермански ресторани. Германската канцеларка Ангела Меркел, која е израсната во Источна Германија, е љубител на Солјанка.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Похлёбкин, Вильям (1983). Национальные кухни наших народов. стр. 9.
  2. Георгієвський, Микола (1967). Українська кухня. стр. 6.
  3. Connolly, Kate (28 September 2010), „Angela Merkel reveals her East German food stockpiling habit“, The Guardian, Berlin, Посетено на 2014-07-17, I'm particularly fond of solyanka (a meat and pickled vegetable soup), letcho (a Hungarian vegetable stew) and shashlik (a spicy kebab)