Шчи (руски: щи) – руска супа од расол. Настанала пред повеќе од илјада години, а рецептот се менувал во текот на историјата. Тоа било храна и на богатите и на сиромашните сè до денес. Тоа е едно од најпознатите руски јадења, а се јаде и во други земји на Источна Европа.[1][2]

Шчи
Шчи
Дел од оброкотсупа
Место на потеклоРусија
Температура на послужувањетопло
Главни состојкирасол, кромид

Основни состојки на шчито се: варен расол и кромид. Побогатата верзија на шчи содржи шест состојки: расол, месо со коски (некогаш и риба или печурки), морков и корен од магдонос, ароматични состојки (кромид, целер, копар, лук и црн пипер) и кисели состојки (павлака, јаболко). Постојат разни верзии во кои се додаваат или изоставаат поедини состојки.

Супата се сервира со павлака, каша од хелда и свеж леб. Постои и верзија со зелка и домат.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. S.I. Ozhegov (1949–1992). „Щи“. Dictionary of the Russian Language (Ozhegov) (руски).
  2. Vladimir Dal (1863–1866). „Щи“. Explanatory Dictionary of the Live Great Russian language (руски).

Надворешни врски

уреди