Силахдар Дамат Али-паша

Силахдар Дамат Али-паша (1667 - 5 август 1716), исто така наречен Силахдар Али-пашаотомански генерал и голем везир. Неговиот епитет силахдар значи оружјеносец, а дамат значи младоженец.

Силахдар Дамат
Али
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
27 април 1713 – 5 август 1716
Монарх Ахмед III
Претходник Хоџа Ибрахим-паша
Наследник Хаџи Халил-паша
Лични податоци
Роден(а) 1667
Изник, Отоманско Царство
Починал(а) 5 август 1716
Нови Сад, Отоманско Царство
Националност Ottoman
Вероисповед Ислам
Отоман
Seal
Воена служба
Битки/војни Австро-турска војна (1716–1718)
Отоманско-венецијанска војна (1714–1718))

Рани живот уреди

Али-паша е роден во турско семејство во Изник (античка Никеја), во современаТурција. [1] Неговиот татко се викал Хаџи Хусеин. Се школувал во школата на палатата Ендерун во Истанбул и за време на владеењето на Мустафа II бил назначен за личен секретар на султанот. Во 1709 година, тој се верил со ќерката на Ахмет III, добивајќи ја титулата дамат и бил назначен за втор везир. На 27 април 1713 година, тој станал Голем везир.

Голем везир уреди

 
Гробница на Силахдар Али-паша во Белград

Набргу по неговото назначување, тој успеал да го ратификува Прутскиот договор со Русија, со што ги обезбедил северните граници на Отоманското Царство кај реката Днепар. [2]

До почетокот на 1714 година, неговото внимание се префрлило на Мореја, која била под контрола на Република Венеција од Мореската војна и Договорот од Карловци од 1699 година. Османлиите никогаш не се помириле со оваа загуба. Кога Венецијанците им дале засолниште на српските бунтовници од Црна Гора и Херцеговина во нивната далматинска провинција, а некои од нивните трговци биле вклучени во спорови со османлиските бродови, отоманската порта (владата) брзо го искористила ова како изговор за објавување војна.

Понатамошната кампања во 1715 година, предводена од самиот Силахдар Али-паша, претставувала огромен успех, бидејќи целата Мореја паднала многу бргу и со мало крвопролевање на османлиската војска.

Меѓутоа, Хабсбуршка Австрија, сојузник на Венеција, исто така објавила војна против Османлиите. Во 1716 година, Али се преселил на австрискиот фронт каде командувал со османлиската војска против австриските сили предводени од принцот Јуџин Савојски во битката кај Петроварадин (5 август 1716 година). За време на битката животот го загубил и самиор Али-паша. [3] Неговиот гроб се наоѓа во Белград .

По неговата смрт бил наречен Шехит Али-паша (Шехит значи маченик).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Sevinç, Necdet (1985). Osmanlı sosyal ve ekonomik düzeni. Üçdal Neşriyat. стр. 326. Silahtar / Damat Ali Paşa – Milliyeti : Türk
  2. Biography of Ahmet III (на турски)
  3. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 268-269
Политички функции
Претходник
Хоџа Ибрахим-паша
Голем везир на Отоманското Царство
27 април 1713 – 5 август 1716
Наследник
Хаџи Халил-паша