Морејската војна (италијански: La guerra di Morea) е војна која траела во периодот од 1684 до 1699 година меѓу Венецијанската Република и Османлиското Царство. Оваа војна е дел од т.н. Голема турска војна. Воените операции се воделе од Далмација до Егејско Море, но главните битки се овиле на Пелопонез односно Мореја во денешна Грција.

Морејска војна
Дел од Голема турска војна
Османлиско-венецијански војни
Датум 1684-1699
Место Пелопонез, Епир, Централна Грција, Егејско Море
Исход Победа на Венеција
Територијални
промени
Мореја била вклучена во составот на Венецијанската Република;
Завојувани страни
 Венецијанска Република


Sovereign Military Order of Malta Малтешки ред
 Савоја
Папска Држава
Стефански ред
Химара
Маниоти
други грчки востаници

 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Франческо Моросини
Отон Вилхем Конигсмарк
Исмаил Паша
МАхмуд Паша
Југоисточна Европа 1672 година

Целта на Венецијанската Република била да си го врати Крит кој бил изгубен по Критската војна (1645–1669) и тоа во време кога Османлиите биле ангажирани во војната против Хабсбуршката династија на својата северна граница.

Заднина

уреди

По падот на Цариград, Венеција држела неколку важни заливи и острови во Егејско и Јонско Море. Но со растењето на моќта на Османлиите во раниот 16 век, Венеција ги изгубила Кипар и Евбеја. Во периодот од 1645 до 1669 година се водела Критската војна меѓу овие две земји и по која венецијанскиот дужд направил контакти со востаниците на Мореја за заедничка акција против Османлиите. Така при првата акција бил заземан градот Каламата но многу бргу подоцна морал да се повлече па овој поход не успеал.

Кога во 1683 година започнала Големата турска војна, голема турска армиј се упатила кон Виена каде доживеала катастрофален пораз. Венеција следната година се приклучила кон Светата лига и сакала да ја искористи слабоста на Османлиите. Така на 25 април 1684 година Венеција објавила војна на Османлиското Царство[1] . Венеција била свесна дека сама нема да може да се справи во војната, па поради ова таа финансиски се осигурала од нејзините сојузници кои освен пари и пратиле и флота. Венецијаните регрутирале војници од Италија и дел од Германија. Силите на германските сојузници се обрвзале да пратат 6000 војници кои во 1685 пристигнале во Мореја[2].

Венецијански напад

уреди

Кон средината на јули 1684 година, венецијанската флота од Јадранско Море се упратила кон Јонско Море. Првата цел на флотата била заземање на Лефкада која падната на 6 август 1684 година. По ова следувала копнена офанзива на грчките востаници. Последната турска тврдина била заземена во септември истата година и тоа била Превеза.

Исмаил паша кој бил командант на Мореја со голема војска тргнал кон заливот Ман на Пелопонез и ги натерал на грчките востаници да му ја предадат власта и да му ветат лојалност. По ова на 25 јуни 1685 година ја опседнал Корона и ја зазел по 49 дена на 11 август. Следувал масакар врз населението. На 14 септември 1685 година паднала и Каламатија и околните територии[3] .

Во октомври 1685 година Венецијанската флота се повлекла кон Јонско Море. Следната година за главен командант на копнените војски бил поставен наемениот шведски маршал Вилхем Отон Консгсмарк, додека пак венецијанскиот дужд Моросини ја задржал командата над флотата. Маршалот во 1686 година го зазел Пилос и Наварин, по кое продолжиле нападите кон Агрос и Нафплио. Војната продолжила по доаѓањето на 7.000 турска армија на чело со Исмаил паша во околината на Агрос каде Османлиите повторно биле поразени и принудени да се повлечат кон Коринт. Војната продолжила и во 1687 година каде Османлиите повторно биле поразени, а Пелопонез бил под целосна венецијанска управа.

Атина и Негропонт

уреди

По овие победи силите на Конигсмарк заминале кон Пиреја. Османлиите започнале со евакуирање на Атина, а голем дел од населението се повлечело кон Акропол. Венецијаните започнале со опсадата на Акропол која траела од 23 до 29 септември. Во оваа опсада храмот бил знајчајно оштетен кога граната паднала на местото и предизвикала експлозија на неколку пакети барут складирани во Партенонот. Османлиите целосно го срушиле храмот на Атена за да на негово место ги постават топовите. Османлиите на крај се предале под услов дека ќе им биде обезбеден слободен пристап до азиска Смирна.

И покрај заземањето на Атина, венецијаните не биле сигурни бидејќи Османлиите го зајакнале својот гарнизон во Теба, а нивната коњаница ефикасно ја држела Атика. Во декември 1687 година хановерските сили се повлекле а избила и епидемија. Поради овие причини Венеција била принудена да се повлечи кон Пелопонез во април 1688 година. При нивното повлекување следувало ограбување на значајните споменици како на пример Пирејскиор лав кој денеска се наоѓа во Венеција. Заедно со Венецијаните се повлекле и неколку илјади Грци поради страв од турска одмазда.

Во јули 1688 година започнала опсада на градот Негропонт. Но венецијанците не успеале да го блокираат цел град па Османлиите преку разни канали успевале да се снабдуваат со храна, а освен тоа епидемијата започнала да ги уништува венецијанските војници од која починал и Конигсмарк во септември 1688 година. Во октомври следувал уште еден неуспешен напад и повлекување на војските кон Агрос. Овој неуспех имал големи последици бидејќи германските платени сили го напуштиле логорот и во 1689 година Венеција се повлекла. Негропонт го означил крајот на венецијанската надмоќ во војната и го дал почетокот на турската контраофанзива.

Османлиски напад

уреди

Поразите во Европа и Пелопонез довеле да Мехмед IV биде симнат од власт а на негово место биде поставен неговиот брат Сулејман II. Во 1688 година Османлиите побарале помош од озогласениот маниотски бунтовник Лимберакис Геракарис кој бил во затвор во цариград. По неговото ослободување бил поставен за бег по кое со дадената војска се придружил на османлиските сили во Теба. Така помеѓу турските и венецијанските сили се протегала територија која припаѓала на грчки, албански или далматински ајдуци. Во почетокот тој сакал да ги придобие на своја страна посебно грчките ајдути, но не успеал. По ова започнал напад по кој успеал да заладее голем дел од средна Грција.

Неговата инвазија врз Мореја започнала во 1692 година кога го зазел Коринт. Но во 1694 година Лимберакис Геракарис изненадено преминал на страната на Венеција, каде по еден суров напад врз месното население бил затворен и однесен во затвор во Бреша[4].

Војната продолжила со успешната опсада на Валона во септември 1690 година, но османлиските сили во март наредната година повторно го вратиле градот, како и неуспешниот напад на Крит.

Во 1693 година дуждот Моросини се вратил на Мореја каде следната година починал. Неговиот наследник повел голема експедиција кон Хиос во близина на Мала Азија. И овде следувало најпрвин заземање на островот а потоа со османлиската контраофанзива повторно враќање на островот.

Војната се водела и покрај јадранското крајбрежје каде Османлиите претрпиле пораз и биле протерени од сите градови освен од Имотски.

Последици

уреди

Војната завршила со потпишување на договорот од Карловци во јануари 1699 година. Договорот го потврдил правото на Венеција над Кефалонија и Мореја и на овие простори било формирано Кралство Мореја. Голема последица од војната биле демографските и економските промени во регионот. Околу Мореја биле изградени голем број на тврдини кои постојат и денес на Пелопонез.

И покрај условната победа, Венеција била доста ослабена од војната за ефикасно да ја брани својата власт. Така Османлиите во 1715 година повторно ја вратиле Мореја под своја власт.

Наводи

уреди
  1. Finlay, str. 205-206
  2. Finlay, str.210-211
  3. History of the Hellenic Nation, str. 23
  4. History of the Hellenic Nation, str. 32