Договор од Прут
Прутскиот мировен договор е договор кој бил потпишан кај реката Прут меѓу Османлиското Царство и Руската Империја на 21 јули 1711 година. Овој договор го означил крајот на Руско-турската војна (1710-1711)[1].
Потпишан | 21 јули 1711 |
---|---|
Место | Прут |
Потписници | Османлиско Царство Руска Империја |
Според договорот, Русија се обврзала да ги врати териториите околу Азовско Море, заедно со градот Таганрог. Освен тоа, неколку руски тврдини требало да бидат разрушени, а рускиот цар ветил дека нема да се меша во работите со Полско-литванската Државна Заедница[2]. Шведска се разлутила поради прифаќањето на Османлиите. Во следните две години Шведска повторно се обидувала да ја турне Отоманското Царство во војна со Русија.
Наводи
уреди- ↑ Treaty of Pruth, Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, Vol. 1, ed. Alexander Mikaberidze, (ABC-CLIO, 2011), 726.
- ↑ Kenneth Meyer Setton, Venice, Austria, and the Turks in the Seventeenth Century, Vol. 192, (The American Philosophical Society, 1991), 422.