Хаџи Халил-паша (турски: Hacı Halil Paşa) ― османлиски голем везир. Неговиот епитет Хаџи значи „аџија“.

Хаџи
Халил
Паша
Голем везир на Османлиската Империја
На должноста
21 август 1716 – 26 август 1717
Монарх Ахмед III
Претходник Силахдар Дамат Али-паша
Наследник Нишанџи Мехмет-паша
Лични податоци
Починал(а) 1733
Крит, Критски Пашалак, Османлиска Империја
Националност Османлија
Народност Албанец
Воена служба
Битки/војни Австриско-турска војна (1716–1718)

Рани години

уреди

Тој бил со албанско потекло, роден во Елбасан[1] и се издигнал низ Бостанџискиот корпус. Во 1694 година, тој поднесол оставка и отишол во Багдад како подреден на управникот на Багдад. Во 1711 година бил унапреден во севкупна команда на Бостанџискиот корпус (Бостанџибаши) и во 1716 година на функцијата беглербег на Ерзурумскиот Пашалак. Сепак, тој не служел во Ерзурум поради избувнувањето на Австриско-турската војна од 1716–1818 година, и бил прекомандуван да служи во Белград.[2]

Голем везир

уреди

За време на одлучувачката Битка кај Петроварадин на 5 август 1716 година, бил убиен големиот везир Силахдар Али-паша. По предлог на командантите, султанот го назначил Халил-паша за нов голем везир. Следната година тој водел кампања за помош на Белград, кој бил опколен од австриската војска. Меѓутоа, Ежен Савојски Австриски го поразил Халил-паша и го зазел Белград. По овој пораз тој бил разрешен од функцијата на 26 август 1717 година.

Подоцнежни години

уреди

Иако бил осуден на смрт, тој се сокрил во Константинопол. На 7 јуни 1720 година бил откриен, но со помош на неговите соборци бил помилуван. Во 1727 година, тој станал управник на Егрибозкиот Санџак во средна Грција, а следната година бил назначен за управник на Крит, каде што починал во 1733 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Elena Kocaqi (2006). Albanët me famë në mijëvjeçarë (3. изд.). Globus R. стр. 186. ISBN 9789994336326.
  2. „Ottoman page“ (турски). Архивирано од изворникот на 2018-12-28. Посетено на 2022-09-03.
Политички функции
Претходник
Силахдар Али-паша
Голем везир на Османлиската Империја
21 август 1716 – 26 август 1717
Наследник
Нишанџи Мехмет-паша