Паљурци

историско село во Општина Богданци

Паљурци — историско село во Гевгелиско, денес на територијата на Општина Богданци.

Паљурци

Евхаристичкото училиште во Паљурци

Паљурци во рамките на Македонија
Паљурци
Местоположба на Паљурци во Македонија
Паљурци на карта

Карта

Координати 41°12′11″N 22°37′47″E / 41.20306° СГШ; 22.62972° ИГД / 41.20306; 22.62972
Регион Југоисточен
Општина Богданци
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 139 м
Паљурци на општинската карта

Атарот на Паљурци во рамките на општината
Паљурци на Ризницата

Географија уреди

Селото се наоѓало во областа Бојмија, на околу 8 км источно од градот Богданци, под денешното езеро Паљурци на Стара Река.

Историја уреди

На почетокот на XIX век Паљурци било чифлигарско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Паљурци (Paliurtzi) е заведено како село со 30 домаќинства и 136 жители Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Паљурци имало 150 жители Македонци христијани.[2][4] Постои легенда дека името доаѓа од Апостол Павле, кој кога доаѓал да го проповеда христијанството, секо посетено место го нарекувале „Павлово место“. Турците го нарекле Павлерци, па оттаму — Паљурци.

Развој на унијатството уреди

Во 1889 г. во Солун е основана монашката заедница на сестрите евхаристинки при Бугарската унијатска црква. Основачите на заедницата биле италијанскиот лазаристички свештеник Јосиф Алоати и сестра му Еврозија. Отецот Алоати со свои средства го откупил целото чифлигарско село.[5] Во 1892 г. евхаристинките го пренеле центарот на дејноста во Паљурци. Најпрвин во селото основале женски манастир и кон него создале едно женско и едно машко сиропиталиште, а потоа отвориле и земјоделско училиште.[6][7] Манастирот станал база на четите на ВМРО.[8][9]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под странската пропаганда, и сите биле унијати. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Paleortzi) имало 104 Македонци унијати[2] и во селото работело бугарско унијатско училиште со 1 учител и 8 ученици.[10]

Судбина на селото уреди

Во Втората балканска војна во 1913 г. селото е нападнато од грчка војска и дел од населението е прогонето, а други се испратени во заточеништво.[11] Селото е разрушено во Првата светска војна, бидејќи низ него поминувала линијата на Македонски фронт. По војната, дел од населението се иселило во Бугарија. По 1924 г. последните жители на селото се иселиле во Богданско, Дојранско и Струмичко.[12]

Личности уреди

Родени во Паљурци

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168 -169.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
  5. Стамовъ, о. д-ръ М. Йеронимъ (1934). „Зейтинликътъ при Солунъ“ во: Сборникъ Солунъ (PDF). София: Печатница „Художникъ“. стр. 322. Посетено на 2015-09-30.
  6. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.49
  7. Елдъров, Светлозар (2002). Католиците в България (1878-1989). Историческо изследване (PDF). София. стр. 98. Посетено на 2015-09-30.
  8. Стамовъ, о. д-ръ М. Йеронимъ (1934). „Зейтинликътъ при Солунъ“ во: Сборникъ Солунъ (PDF). София: Печатница „Художникъ“. стр. 323. Посетено на 2015-10-01.
  9. Стойчева, Станислава. Българите католици в Македония (1879 - 1912): опит за статистически и демографски обзор, във: Ватиканът - Полша - България. 150 години от началото на мисията на възкресенците в България (PDF). стр. 75. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-20. Посетено на 2015-10-24.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 194-195.
  11. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197
  12. А1, Паљурци - Некогаш село, денес пусти ридови, 20.09.2009
  13. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 137, ISBN 9549514560