Паљурци (езеро)
Паљурци — вештачко езеро во Југоисточна Македонија, оддалечено на околу 4 км источно од градот Богданци. Водата од езерото се користи за наводнување на земјоделските површини во Општина Богданци.
Паљурци | |
---|---|
Координати | 41°12′20″N 22°37′22″E / 41.20556° СГШ; 22.62278° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Луда Мара |
Главни истеци | Луда Мара |
Сливни земји | Македонија |
Зафатнина | 2.900.000 м3[1] км3 |
Историја
уредиБраната на акумулацијата била изградена во 1977 година со цел водата да се користи за наводнување на земјоделските површини во Општина Богданци.[1]
Во 2004 година, браната се излеал и од настанатата поплава претрпела значителни оштетувања.[1]
Географија
уредиЕзерото е изградено на реката Луда Мара и е сместено на 4 км источно од градот Богданци. Тоа има триаголен облик со правец на протегање југозапад-североисток. Протекот на вода од реката Луда Мара на местото на коешто е изградено езерото изнесува 180 м3. Од нив, 160 м3 се пренесуваат преку преливникот, а 20 м3 се задржуваат во езерото. Во сушни години, кога езерото не може да ги задоволи потребите за вода, се користи вода од хидросистемот за спас на Дојранското Езеро. Притоа, за исцрпување на подземната вода се користи електрична енергија, што целиот процес го прави поскап во споредба со акумулацијата, каде што водата се обезбедува по гравитациски пат. Во околината на езерото, на територијата на Општина Богданци, се изградени и други акумулации. Од нив, Таљушница, Моторна и тиролскиот зафат на Габровска Река се поврзани со акумулацијата Паљурци.[1]
Брана и капацитет
уредиБраната е изведена како насипна, изработена е од локален материјал и е со средишно глинено јадро потпрено од обете страни на насипан материјал од чакал. Градежната височина од темелот на браната изнесува 22,5 м, што според критериумите на Меѓународната комисија за големи брани ја сврстува во групата на големи брани. Вкупната зафатнина на браната при нормално ниво изнесува 2,9 милиони м3, а корисната зафатнина изнесува 2,6 милиони м3. Просторот на акумулацијата е доста поволен во однос на неговата стабилност и не постои опасност од појава на свлечишта и одрони.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Стратегија за климатски промени на Општина Богданци за периодот 2014-2020“ (PDF). Богданци: Општина Богданци. мај 2014. Посетено на 29 мај 2017.[мртва врска]