Спата
Спата (грчки: Πολύδενδρο, Полидендро; до 1927 г. Σπάτα, Спата[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011).
Спата Πολύδενδρο | |
---|---|
Координати: 40°13′N 21°29′E / 40.217° СГШ; 21.483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Ираклеотес |
Надм. вис. | 660 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 172 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на надморска височина од 660 м, околу 15 км североисточно од градот Гребен, крај реката Бистрица, на нејзината десна страна.[3]
Во непосредна близина на селото се влева реката Праморица во реката Бистрица.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Спата било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спата живееле 178 Грци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спата (Спалта) се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 35 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спата живееле 175 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 242 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 236.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Полидендро (Πολύδενδρο).
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, овошје, градинарски култури и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
уредиВо пописот од 1913 година, селото било забележано со 242 жители, во 1920 година со 236 жители, во 1928 година со 324, во 1940 година со 391, во 1951 година со 364, во 1961 година со 360, во 1971 година со 320, во 1981 година со 296, а во 1991 година со 245 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 391 | 364 | 360 | 320 | 296 | 245 | 250 | 172 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 11 квадратни километри.[3] Општината Спата била приклучена во општината Ираклеотес во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спата, во кој е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Spata -- Polydendron“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-03.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 130.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-02.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.