Чурхлигребенско село во Егејска Македонија, Република Грција. Според пописот од 2011 година во селото има 452 жители

Чурхли
Άγιος Γεώργιος
Чурхли is located in Грција
Чурхли
Чурхли
Местоположба во областа
Чурхли во рамките на Гребен (општина)
Чурхли
Местоположба на Чурхли во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°11′N 21°24′E / 40.183° СГШ; 21.400° ИГД / 40.183; 21.400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најг. вис.&10000000000000800000000800 м
Најм. вис.&10000000000000725000000725 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.452
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51 100
Повик. бр.+30 24620
Рег. таб.ΡΝ

Географија

уреди

Селото се наоѓа на околу 15 километри северно од градот Гребен. На север се граничи со селото Фуркач.

Историја

уреди

Под Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Чурхли е големо мешано гркојазично муслиманско-христијанско во Гребенската каза на Османлсикото царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Чурхли (Зурхли, Џурхли) живеат 400 Валахади (гркојазични муслимани), 200 Грци христијани и 40 Роми.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Џуруфли (Зуркли) се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 175 куќи.[3]

Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Τσούρχλι има 600 валахади и 400 Грци-христијани.[4]

Грчка окупација

уреди

За времен на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година Чурхли останува во Грција.

Во средината на 20-те години на минатиот век муслиманското население е иселено во Турција според Лозанскиот договор и на негово место се доселени Грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селото е целосно христијанско со месни жители и новодојденци бегалци броејќи 124 семејства со вкупно 413 жители.[5]

Во 1927 година името на селото е сменето во Агиос Георгиос.

Демографија

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 900 863 828 660 814 746 824 452
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди

Познати личности родени во ова село се:

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 275.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 71.
  4. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.20

Надворешни врски

уреди