Кондиторски производи

(Пренасочено од Слатки)

Кондиторските производи (или слатки, во разговорниот македонски јазик „благо“) — општ назив на висококалорични и лесноусвоиви производи со висока содржина на шеќер, кои се одликуваат со пријатен вкус и арома. Основни производи од кои се подготвуваат слатките се: брашно (пченично, пченкарно, ‘ржано, овесно и др.), шеќер, мед, овошје, млеко (пресно и кисело), масло, јајца, оцет, карамел, какао, ореви, прашок за печиво, лимонска киселина, желатин, додатоци за вкус и арома. Кондиторските производи на пекарниците, исто така познати како брашнено кондиторски производи, се состојат главно од слатки колачи, колачи и слични печива.

Сладоледните производи вклучуваат бонбони (слатки на британски англиски), захаросани ореви, чоколади, гума за џвакање, гума за меурчиња, пастили и други кондикторни производи кои се направени главно од шеќер. Во некои случаи, чоколадните кондиторски производи (конфекции направени од чоколада) се третираат како посебна категорија, како што се шеќер-верзиите на шеќерни кондиторски производи.[1] Бонбоните (САД и Канада), слатките (Велика Британија и Ирска) и лижавчиња (Австралија и Нов Зеланд) се вообичаени зборови за најчестите сорти на производи од шеќер.

Кондиторската индустрија, исто така, вклучува и специјализирани училишни школи и детални историски записи.[2] Традиционалните кондиторски производи се одвиваат во античко време и продолжиле да се јадат низ средниот век во модерната ера.

Фабриката Европа во Скопје

Во Македонија има повеќе фабрики за производство на кондиторски производи, а една од најпознатите се Европа, Свис Лион и Винчини.

Видови на кондиторски производи уреди

 
Мафини
 
Разни видови слатки
 
Кондиторски производи

Во зависност од користените состојки, слатките можат да се поделат во две основни групи - шеќерести и тестести.

Шеќерести слатки уреди

Кондиторски производ Краток опис
слатко (џем, мармалад) овошје сварено во сладок сируп, групирани во зависност од технологијата на подготвување и конзистенцијата на готовиот производ.
желе слатко од овошен сок, сварен со шеќер и средство за желирање (желатин).
бонбони ситни слатки, произведени од шеќер, карамел, чоколадо или нивна комбинација со овошје и јатки.
чоколадо разбиена какаова, какаово-млечна смеса, може да биде со јатки, сушено овошје и др.
кремови десерти кои се состојат најчесто од хомогена маса на млеко, јајца, нишесте, овошја, масло, карамел итн.
сладолед замрзната засладена и ароматизирана млечно-овошна, со павлака или комбинирана смеса.
мусови кондиторски производ од разбиена чоколадна, овошна или друга маса со јајца или желатин.

Тестести производи уреди

Кондиторски производ Краток опис
вафли суво печиво од посебен вид, подготвено од масно тесто, се состои од тенки слоеви испечени во специјални форми (преса), кои се мачкаат со различни филови - чоколаден, овошен итн.
печива, торти, еклери тестести производи од брашно, шеќер, јајца, оцет, сода бикарбона, ароматизатори, глазирани по печењето или премачкани со различни кремови и сосови.

Слатките како тема во уметноста и во популарната култура уреди

 
Разни слатки
  • „Ајде еден малечок Дедо Мраз. Ти трупчето, јас главата.“ — краток расказ на македонската писателка Ана Голејшка Џикова.[3]
  • „Колачиња од Шкофја Лока“ — краток расказ на македонската писателка Калина Малеска.[4]
  • „Гума за џвакање“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[5]
  • „Сладолед“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[6]
  • „Тулумба“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[7]
  • „Колачиња“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[8]
  • „Торта со сирење“ (англиски: Cheese Cake) — композиција на американскиот џез-музичар Декстер Гордон (Dexter Gordon) од 1962 година.[9]
  • „Човек-мафин“ (англиски: Muffin Man) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa).[10]
  • „Крем бруле“ (француски: Créme Brûlèe) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1992 година.[11]
  • „Бомби и бонбони“ (хрватски: Bombe i Bomboni) — песна на хрватската рок-група Структурне птице.[12]

Наводи уреди

  1. Edwards, W.P. (2000). The Science of Sugar Confectionery. Cambridge: Royal Society of Chemistry. стр. 1. ISBN 9780854045938.
  2. "The Art of Confectionary". Historic Food.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 340.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 225.
  5. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 23.
  6. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 38.
  7. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 41.
  8. „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 76-78.
  9. DISCOGS, Dexter Gordon – Go! (пристапено на 11.11.2022)
  10. DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
  11. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Dirty (пристапено на 20.7.2019)
  12. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)