Мус
Мус (на француски: mousse или во превод „пена“) — лесен за јадење десерт кој содржи воздушни меурчиња кои му даваат воздушеста текстура и сунѓерест изглед. Може да варира од светол и мек до кремаст и густ, во зависност од техниките на подготовка. Мусот може да има сладок или солен вкус.[1]
Чоколаден Мус. | |
Дел од оброкот | десерт |
---|---|
Место на потекло | Франција |
Главни состојки | Матени белки или шлаг, чоколадо или пасирано овошје |
Варијанти | Чоколадо, ванила, јагода, чоко ванила итн. |
Слаткиот мус најчесто се прави од изматени белки или шлаг,[2] и се додава чоколадо, кафе, карамела,[3] пасирано овошје или разни тревки и зачини, како нане или ванила.[4] Понекогаш во чоколадниот мус, се додаваат и жолчки кои се мешаат во претходно стопено чоколадо за да се добие помоќен вкус на финалниот производ. Мусот, се сервира како ладен десерт, а може да се користи и како фил за торта.[5] Понекогаш се зацврснува со желатин.[6][7]
Солениот мус може да се направи од месо, риба, морски плодови, паштета, сирење или зеленчук.[1]
-
Мус од лимон со компот од праски
-
Солен мус од лосос
-
Мус-торта со шумско овошје
-
Мус со гриз од црвена рибизла
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Mousse" Архивирано на 29 декември 2016 г.. Food Network Food Encyclopedia. Retrieved February 21, 2017.
- ↑ Prosper Montagné, Larousse Gastronomique, 1961 (English translation of 1938 French edition), p. 630
- ↑ „Caramel & White Chocolate Mousse Recipe“. VideoCulinary.com (англиски). Посетено на 2016-01-04.
- ↑ „How to prepare Mousse“ (англиски).[мртва врска]
- ↑ „Silky mousses with a stable structure: a few tips and tricks -“. Quescrem (англиски). 2019-11-29. Архивирано од изворникот на 2021-06-25. Посетено на 2021-06-25.
- ↑ Hyman, Gaston (1977). Hyman, Phillip; Hyman, Mary (уред.). Lenôtre's Desserts and Pastries (англиски) (1. изд.). Woodbury, New York: Barrons Educational Series Inc. стр. 78. ISBN 978-0812051377.
- ↑ „Paris Confidential: The Mystery Mousse Behind The Chocolate Bar“. NPR.org (англиски). Посетено на 2017-10-05.