Фил или полнење во кулинарството означува смеса од зеленчук, овошје или други прехранбени производи со кои се полнат различни деликатеси. Во македонскиот јазик постои и поимот зајре кој обично се користи за филот со кој се полнат различни кифли и слични производи на основа на тесто. Можат да бидат полнети многу видови на храни, како месо, зеленчук, јајца и овошје.

Полнети пиперки.

Понекогаш поимот „фил“ се користи да се означи шлагот кој се нанесува на тортите и колачите.