Сирочани
Сирочани или Сирхан (грчки: Λεύκη, Левки; до 1927 г. Σαρότσανη, Сароцани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021).
Сирочани Λεύκη | |
---|---|
Координати: 40°18′N 21°12′E / 40.300° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 770 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 18 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Населица, на 20 км западно до градот Лапчишта и околу 16 км северозападно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиПо името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Сирочани било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сирочани живееле 210 Грци-муслимани (Валахади).[4]
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Сирчани е означено како грчко село.[5]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 255 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.[3]
Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. На нивно место се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 160 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3]
Во 1927 г. името на селото било променето во Левки (Λεύκη).[2]
Стопанство
уредиНаселението одгледува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 132 | 128 | 80 | 69 | 19 | 22 | 11 | 18 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лихнадес, во кој влегува и истоименото село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. Димитриј“ — изградена во 1976 г.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 јули 2023.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 347.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 9 мај 2024.