Сирочани

село во Кожанско, Егејска Македонија

Сирочани или Сирхан (грчки: Λεύκη, Левки; до 1927 г. Σαρότσανη, Сароцани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021).

Сирочани
Λεύκη
Сирочани is located in Грција
Сирочани
Сирочани
Местоположба во областа
Сирочани во рамките на Горуша (општина)
Сирочани
Местоположба на Сирочани во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18′N 21°12′E / 40.300° СГШ; 21.200° ИГД / 40.300; 21.200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000770000000770 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно18
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Населица, на 20 км западно до градот Лапчишта и околу 16 км северозападно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Сирочани било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сирочани живееле 210 Грци-муслимани (Валахади).[4]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Сирчани е означено како грчко село.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 255 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.[3]

Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. На нивно место се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 160 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3]

Во 1927 г. името на селото било променето во Левки (Λεύκη).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 132 128 80 69 19 22 11 18
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лихнадес, во кој влегува и истоименото село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 јули 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 347.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
  5. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  6. „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 9 мај 2024.