Сидерово
Сидерово (грчки: Μεσοβούνι, Месовуни; до 1927 г. Σιδέροβο, Сидерово[1][2][3]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[4]
Сидерово Μεσοβούνι | |
---|---|
Координати: 41°20.48′N 24°4.31′E / 41.34133° СГШ; 24.07183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Неврокоп |
Надм. вис. | 630 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и влегува во историско-географската област Чеч. Соседни села се Волак, Перух, Вршен, Странен и Долна Лакавица.
Историја
уредиВ Османската империя
уредиНа крајот од XIX век Васил К’нчов напишал дека Сидерово имало 80 куќи на Македонци-муслимани.[5][6] Според неговата стастистика („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сидерово или Сидарево живееле 195 Македонци-муслимани[5][7] во 45 куќи.[8]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Сидерово (Σίδροβον, Сидеровон или Σιδέροβα, Сидерова) живееле 296 лица.[9] Во 1920 г. селото имало 247 жители.[4]
Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Месовуни (Μεσοβούνι),[2] што во превод значи „средна планина“ или „среден баир“. Во 1928 г. населението на Сидерово се состоело од 89 грчки доселеници од Турција (29 семејства).[3] Во 1940 г. населението се намалило на 54 жители. Селото се распаднало за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и потоа не е обновено. Мал исклучок е пописот од 1971 г. кога во него се заведени 2 лица.[4]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 54 | — | — | 2 | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
- ↑ 3,0 3,1 Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2012-06-30
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 193. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 198. ISBN 954430424X.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 269.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 3 май 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)