Перух

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија

Перух или Перов (грчки: Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос; до 1927 г. Περόφ, Пероф[1][2][3]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[4]

Перух
Άγιος Πέτρος
Перух is located in Грција
Перух
Перух
Местоположба во областа
Перух во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Перух
Местоположба на Перух во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°20.36′N 23°57.20′E / 41.33933° СГШ; 23.95333° ИГД / 41.33933; 23.95333
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000790000000790 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Перух се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Сидерово, Вршен и Пепелаш.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Перух било муслиманско село во Неврокопската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) напишал дека жителите на Перши биле Македонци-муслимани[5].[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Перух (Perouh) било село со 45 домаќинства на вкупно 140 жители Македонци-муслимани.[5][7] Според Стефан Верковиќ на крајот на XIX век Перух имал 167 мажи Македонци-муслимани,[5] кои живеел во 45 куќи.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Перух (Перухъ) живееле 320 Македонци-муслимани.[9][10]

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Перух живееле 68 семејствао со вкупно 341 лице.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Перух (Περώφ) живеело 371 лице.[11]

Во 1920 г. селото имало 305 жители.[4]

Во 1923 г. жителите на Перух како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Агиос Петрос (Άγιος Πέτρος),[2] во превод „Свети Петар“. До 1928 г. во селото се доведени 74 грчки колонисти (24 семејства) дојдени од Турција.[3] Во 1928 г. населението се состоело од 105 жители, а во 1940 година тоа се зголемило на 124 лица.

Напуштено е за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и не било обновено.[4]

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  3. 3,0 3,1 Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 187. ISBN 9989-9819-5-7.
  5. 5,0 5,1 5,2 Нарекувајќи ги „Помаци“
  6. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 123.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
  9. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 4 мај 2009.