Долна Лакавица
Долна Лакавица или само Лакавица (грчки: Λακκούδα, до 1927 г. Λακάβιστα, Лакавица[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]
Долна Лакавица Λακκούδα | |
---|---|
Координати: 41°24.10′N 24°11.0′E / 41.40167° СГШ; 24.1833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Неврокоп |
Надм. вис. | 610 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Ловчишта, Осеница, Попово Село, Странен, Борово, Даблен и Оштица. Низ селото тече рекичка која се влева во Мужделска Река.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. Долна Лакавица (Лукавиче-и бозург) се води вака — муслимани: 2, ергени - 1; немуслимани: 27, ергени - 6, вдовици - 1.[3] Во скратен регистар од 1530 г. за Долна Лакавица (Лъкавиче-и Ќучук) се вели муслимани: 5 домаќинства, ергени - 8; немуслимани: 15 домаќинства, ергени - 3, вдовици - 5.[4] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на селото е претставено вака: муслимани - 10 семејства и 13 ергени; немуслимани - 4 семејства и 3 ергени.[5] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. од селото Долна Лакавица (Л’кавиче-и изир) се попишани 7 муслимански домаќинства.[6]
Во XIX век Долна Лакавица било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долна Лековица (Dolna-lekovitsa) било село со 32 домаќинства на 86 жители Македонци-муслимани.[7][8] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Долна Лакавица имала 106 мажи Македонци-муслимани,[7] кои живееле во 32 куќи.[9]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Долна Лакавица била македонско муслиманско село. Во него живееле 250 Македонци-муслимани[10] во 50 куќи.[11][12]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Долна Лакавица (Λακάβιτσα, Лакавица) живееле 326 лица.[13] Во 1920 г. селото имало 390 жители.[2]
Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Ти се населиле во селото Чобанчешмеси кај Кешан во Одринско.[14] Во 1927 г. селото е преименувано во Лакуда (Λακκούδα).[15] Во 1928 г. Долна Лакавица се состоела од 77 лица (25 семејства) грчки доселеници од Турција.[16] Селото е напуштено за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и повеќе не е обновено.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 176. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 116–118. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Радушев, стр. 130
- ↑ Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 617–618. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
- ↑ Радушев, стр. 245-246
- ↑ 7,0 7,1 Нарекувајќи ги „Помаци“.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 130–131. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)
|format=
бара|url=
(help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0. - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 269.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот на 31 јули 2012. Посетено на 3 мај 2009.
- ↑ Зеленгора, Георги (2012). Помаците в Турция. biblio.bg. стр. 31. ISBN 978-954-2939-28-3.
- ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012