Вршен

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија

Вршен или Врштен (грчки: Βήρσαν, Вирсан)[1] — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Било населено со Македонци-муслимани.[1]

Вршен
Αγριοκερασιά
Вршен is located in Грција
Вршен
Вршен
Местоположба во областа
Вршен во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Вршен
Местоположба на Вршен во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°20.56′N 24°6.5′E / 41.34267° СГШ; 24.1083° ИГД / 41.34267; 24.1083
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000534000000534 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на северните падини на планината Боздаг, во историско-географската област Чеч. Соседни села се Сидерово, Перух, Пепелаш и Странен.[1]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Вршан се заведени муслимани: 2; немуслимани: 9, ергени - 3, вдовици - 1.[2] Во скратен регистар од 1530 г. селото Виршани имало муслимани: 3 домаќинства; немуслимани: 9 домаќинства, ергени - 3, вдовици - 1.[3] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Виршани се наведува вака: муслимани - 2 семејства и 2 ергени; немуслимани - 9 семејства, 11 ергени и 1 вдовица.[4] Во список за Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. селото Вршен (Вршани) е запишано како населба со 8 немуслимански семејства.[5] В подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Вршен (Въшани) се запишани 22 муслимански домаќинства.[6][7] Ова дава слика за приближниот период на исламизација на населението.

Во XIX век Вршен било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вршен (Vërchen) било село со 30 домаќинства на 90 жители Македонци-муслимани.[6][8] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Вршен (Варшен) имал 99 мажи Македонци-муслимани кои живееле во 30 куќи.[6][9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врштен живееле 184 Македонци-муслимани.[10][11]

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Вршан живееле 34 семејства со вкупно 174 лица.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Според грчка статистика во 1913 г. во Вурсјан (Βούρσιαν) живееле 144 лица.[12] Во 1920 г. населението се намалило на 110 жители.[1]

Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, сместувајќи се во селата околу градот Узунќопру. Во Вршен не биле населени грчки колонисти, туку селото е отпишано по наредба бр. 7512 на грчкото министерство за внатрешни работи од 1928 г.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 149–150. ISBN 9989-9819-5-7.
  2. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 109. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  3. Радушев, стр. 130
  4. Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 597–598. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  5. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
  6. 6,0 6,1 6,2 Нарекувајќи ги „Помаци“
  7. Радушев, стр. 225
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
  10. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
  12. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот на 31 јули 2012. Посетено на 4 мај 2009.