Сештојад
Сештојад, сејад[1] или омнивор (од латински: omne — „сè“ и vorare — „јаде“) – животно што јаде и месо и растителна храна.[2]
Примери
уредиКај сештојадните цицачи забите се приспособени како за кинење на месо, така и за џвакање и мелење на растителни делови. Мечките се познати по тоа што го сакаат пчелниот мед, но се хранат и со мали животни, како што се рибите и ларвите на инсекти. Својата исхрана ја дополнуваат со растителна храна.[3] Занимливо е дека верверицата, која инаку се храни со ореви, желади, лешници и семе од четинарски дрва, исто така ги напаѓа и птиците и нивните јајца.[4] Човекот исто така е сештојад.[5]
Меѓу птиците, враната и гавранот се сештојади. Посебно е познат гавранот по тоа што јаде многу разновидна храна, всушност сè што е хранливо, а може да биде и мршојадец.[3]
Наводи
уреди- ↑ „сејад“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сештојад“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 Чинери, М. 2001. Велика енциклопедија животиња. ИТП „Змај“: Нови Сад. ISBN 978-86-489-0303-7.
- ↑ Симоновић, Д. и сарадници. 1953. Природописни атлас: Сисари. Знање: Београд.
- ↑ Луѓето се сештојади