Светогорск ( руски: Светогорск), до 1948 година Енсо ( руски: Энсо; фински: Enso) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е во северозападниот дел на Ленинградската област, во областа на Виборшкиот реон. Тоа е еден од најзначајните гранични премини меѓу Русија и Финска .

Финската вила во Светогорск се наоѓа на списокот на културно наследство на Русија

Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 15 827 жители.

Географија

уреди

Градот Светогорск се наоѓа на десниот брег на реката Вуокса, во северниот дел на Карелјската превлака , на околу 188 километри северозападно од Санкт Петербург . Најблиската урбана населба е финската Иматра, која е на само 12 км западно. Најсеверно е урбаната населба во Ленинградската област .

Граничниот премин со Финска, Иматра-Светогорск, кој се наоѓа на околу еден километар северозападно од центарот на градот, беше отворен во 1947 година.

Историја

уреди
 
Знаме на градот

Населбата е основана во 1887 година од фински благородник и индустријалец, баронот Ади Стендершелд (1855-1935), кој купил околу 16 хектари земја во областа. Баронот отворил фабрика за производство на целулоза на неговата земја и наскоро била формирана населба околу фабриката, чии жители биле вработени во неа. Новооснованата населба била именувана Енсо (фински: Enso, „Првенец“). Со текот на времето, фабриката ги проширила своите активности до производство на картон и хартија, и за кратко време станала една од најголемите фабрики за хартија во тогашна Финска.

Согласно одредбите на Московскиот мировен договор потпишан на 13 март 1940 година, со кој завршила Зимската војна, поголемиот дел од поранешната Виборшка губернерија потпаднала под власта на Советскиот Сојуз. Иако, според одредбите на мировниот договор, Енсо требало да припаѓа на Финска, Советската Црвена армија неколку дена подоцна, на 20-ти март го нападнала градот и го вградила во неговиот состав. До војната, Енсо била дел од општината Јаски.

За време на таканаречената Продолжена војна, населбата била под опсада на финската армија од 21 август 1941 година до 24 септември 1944 година година кога конечно бил вратен во Советскиот Сојуз.

Во согласност со политиката на русификација на топонимијата во подрачјето на Карелијската превлака, населбата Енсо во 1948 година била преименувана во Светогорск, а истата година и бил доделен административен статус на официјален град. Три години подоцна, фабриката „Енсо“ била преименувана во Светогорски комбинат за целулоза и хартија. Современата фабрика за хартија во Светогорск е најголемиот економски објект во градот и воедно една од најголемите фабрики од тој тип во целата земја.

Население

уреди

Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 15 981 жител, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 15 827 жители.

Движење на бројот на жителите
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2015 година
--- 10 448 9 623 12 990 15 594 15 698 15 981 15 827

Според бројот на жители, Светогорск во 2014 г беше рангиран на 766 место меѓу 1 100 градови во Руската Федерација.

Економија

уреди

Недалеку од градот на реката Вуокси се наоѓа хидроцентралата Светогорск со капацитет од 554,6 електрична енергија.

Градови партнери

уреди

Градот Светогорск потпиша договори за партнерство и соработка со следниве градови:

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди