Портал:Русија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
уреди
РУСИЈА![]() ![]() Руската Федерација (руски: Российская Федерация) или Русија (руски: Россия) е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија. Со површина од 17,075,400 км2, Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5% од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статија![]() Република Татарстан или Татарија (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски (кирилица): Татарстан Республикасы, латиница: Tatarstan Respublikası) е федерална република на Русија. Неофицијалната девиза на Татарстан е: Buldırabız! (Можеме!). Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татарстанци. Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (наставка за градење имиња на земји, истоветно на латинскиот „- ија“ користен во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан. Републиката е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на реките Волга и Кама (притока на Волга), и се протега источно од планината Урал. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...уреди
Избрана сликауреди
Избрана биографија![]() Александар Василевич Суворов (рус. Александр Васильевич Суворов), гроф Римнишки, кнез Италијански, гроф на Светото Римско Царство (24 ноември 1729 – 18 мај 1800), бил четвртиот и последен руски генералисимус (без Сталин). Еден од малкуте велики војсководци во историјата кои никогаш не изгубиле битка, прочуен по својот прирачник Наука на победата („Наука Побеждать“) и познат по своите мисли „Тешко во обуката, лесно в бој“ („Тяжело в учении, легко в бою“), „Куршумот е глупак, а бајонетот е јунак.“ („Пуля дура, штык молодец.“), „Загини самиот, но спаси го другарот!“ („Погибни сам, но спаси товарища“). Суворов е роден во благородничко семејство во новгородско потекло во московскиот дворец на дедо си Федосеј Мануков (земјопоседник од Орјолската губернија и висок службеник на царот Петар Велики). Бидејќи Манук е популарно ерменско име (со значење „млад“), па така се претпоставува дека Манукови биле со ерменско потекло. Прочитајте повеќе уреди
Категории |