Света Петка (Скопско)

село во Општина Сопиште
(Пренасочено од Света Петка (Сопиште))
Оваа статија се однесува на селото Света Петка во Општина Сопиште. За светицата со исто име, видете Света Петка.

Света Петка — село во Општина Сопиште. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.

Света Петка
Света Петка во рамките на Македонија
Света Петка
Местоположба на Света Петка во Македонија
Света Петка на карта

Карта

Координати 41°56′27″N 21°19′55″E / 41.94083° СГШ; 21.33194° ИГД / 41.94083; 21.33194
Општина  Сопиште
Население 747 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25128
Надм. вис. 587 м
Света Петка на општинската карта

Атарот на Света Петка во рамките на општината
Света Петка на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е дел од областа Каршијак и се наоѓа во јужното подножје на Водно.

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 20 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 40 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 160 жители.[3]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 20 жители христијани (Македонци) и 200 жители муслимани (Албанци).[4]

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Говрлево и има 337 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948450—    
1953503+11.8%
1961460−8.5%
1971519+12.8%
1981590+13.7%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994632—    
2002712+12.7%
2021747+4.9%

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители, од кои 701 Албанец и 11 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 747 жители, од кои 701 Албанец и 46 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 450 503 460 519 590 0 632 712 747
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Света Петка е албанско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се следните:

  • Доселеници: Абдалар (21 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло имаат од Албанија. Го знаат следното родословие: Меџид (жив на 45 г. во 1950 година) Џеладин-Кадри-Емин-Абди Ќаја, кој се доселил. Тоа било во почетокот од XVIII век; Шопалар (20 к.) потекнуваат од фисот Соп во северна Албанија; Аџијалар (12 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло од Албанија; Аљиалар (11 к.) доселени се од мијачкото село Жировница во Долна Река. Основачот на родот говорел само македонски, но мешајќи се со Албанците сега во овој род се говори албански, и се сметаат за Албанци. Од Жировница се иселиле двајца блиски роднини, едниот се населил во Говрлево каде прешол во православие. Тие и сега постојат во тоа село (Скендеровци). Тие долго време се пазеле како блиски роднини. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 50 г. во 1950 година) Селам-Бислим-Бејтула-Алил, кој се доселил околу 1810 година во Говрлево, па набрзо прешол во Света Петка.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[13]
  • Рамниште — населба и некропола од средниот век

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 382, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди