Света Петка (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија

Света Петка (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви од 1918 г.) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 136 жители (2011) и се состои исклучиво од Македонци.[2]

Света Петка
Αγία Παρασκευή
Света Петка is located in Грција
Света Петка
Света Петка
Местоположба во областа
Света Петка во рамките на Лерин (општина)
Света Петка
Местоположба на Света Петка во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°52.45′N 21°22.47′E / 40.87417° СГШ; 21.37450° ИГД / 40.87417; 21.37450
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000618000000618 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно136
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено на Мала Река, 12 км северно од Лерин и 4 км северозападно од Долно Клештино. Лежи во подножјето на планината Баба во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во почетокот на XX век Света Петка е забележана како чисто македонско село во Леринската каза. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 550 Македонци христијани.[3][4] Всички жители на Света Петка потпаднале под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 480 Македонци под патријаршијата.[3][5] Во тој период, Боривое Милоевиќ во своите посети во селото забележал 50 македонски куќи.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Света Петка се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[6]

Во селото има три цркви – „Св. Петка“ од 1570 г., изгорена во 1827 г. и обновена како параклис во 1886; „Св. Никола“ од 1856 г. и „Св. Димитриј“ од 1859 г.[7]

Пролетта 1908 г. во Света Петка властите откриле 17 пушки „Гра“ и уапсиле 17 селани кои ги затвориле во Лерин.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога имало 501 жител. Во 1920 г. нивниот број бил 489, за да порасне на 546 во 1928 г.[2] Меѓу двете светски војни населението бележи повторен пораст, со исклучок на 20 семејства и поединци кои се иселиле во прекуокеанските земји. Сепак, во 1940 г. во селото се попишани 687 жители.[2]

За време на Втората светска војна во 1941 г. во селото е воспоставена бугарска окупаторска власт и општина. Поради Грчката граѓанска војна, уште 20 лица од Света Петка се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји.[2]

По војната, во 1951 г. во селото се заведени 644 лица, но во следниот период населението почнало да опаѓа поради засиленото иселување во прекуокеанските земји. Затоа, во 1961 г. Света Петка имала 424 жители кои до 1971 г. драстично се намалиле на 232. На пописот од 1981 г. селото се води со 231 жител, намалувајќи се на 206 лица во 1991 г.[2] Во 2001 г. Света Петка имала 209 жители, но во текот на следното десетлетие бројот на жителите значајно опаднал, за во 2011 г. да бидат попишани само 136 лица.

Според испитувањето во 1993 г. селото е чисто „словенојазично“, во кое македонскиот јазик е слабо зачуван.[9]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 687 644 424 232 231 206 209 136
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото е познато по производството на квалитетен грав, а во поново време се одгледуваат детелина и јаболка.[2]

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 174.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 168-169.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  7. „History of Agia Paraskevi Florinas“. Florina History. Посетено на 18 ноември 2018.
  8. Одрински глас, брой 12, 30 март 1908, стр. 4.
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  10. Stewart, Elizabeth Kolupacev (2009). „For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters“. Politecon Publications. Архивирано од изворникот на 2020-11-30. Посетено на 23 декември 2013.