Саркис Балјан

Саркис Балјан (роден во 1835 во Истанбул - починал во 1899 во Истанбул) — османлиски архитект од познатото ерменско семејство на архитекти Балјан.

Саркис Балјан
Սարգիս Բալյան
Sarkis Balyan.png
Саркис Балјан
Роден(а)1835
Цариград, (денес во Истанбул)
Починал(а)1899
Цариград
НационалностТурчин
(етнички Ерменец)
ПроектиБеглербеговски дворец
Палата Чираган
Џамија Пертевнијал Султан

ЖивотописУреди

Роден е во 1835 година во Цариград. Вториот од четворицата синови на архитектот Карапет[1] и неговата сопруга Назени Бабајан. Браќата Никогос, Акоп и Симон исто така биле архитекти. Саркис и Никогос студирале заедно на Париската ликовна школа, но поради болеста на Никогос морале да се вратат во Истанбул [2]. Во Истанбул, Саркис се приклучил на проектот на неговиот татко - изградбата на палатата Беглербеговскиот дворец. По смртта на неговиот татко, тој ја презел реставрацијата на палатата Адиле-султан.

Професионалната кариера на Саркис била прекината по смртта на Акоб во 1875 година и стапувањето на престолот на Абдул Хамид II. Заради неговите политички ставови, Саркис поминал 15 години во егзил во Европа, по што се вратил во Отоманското Царство.

Граѓанска активностУреди

Тој бил член на Собранието на Ерменската патријаршија и активно им помагал на ерменските уметници [2] .

Најважни зградиУреди

Саркис Балјан бил погребан на гробиштата во Багларбаши, Усќудар.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Культурное наследие Турции. Карапет Амира Бальян
  2. 2,0 2,1 „Династия Бальян“. Армяне Стамбула. Архивирано од изворникот на 2013-02-27. Посетено на 2013-06-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

ПоврзаноУреди

Синан