Галатасарајски лицеј

средно училиште во Истанбул

Галатасарајски лицеј (училиште Галатасарај) — средно училиште кое се наоѓа во Истанбул, Турција. Ова училиште е едно од највлијателните во земјата. Било основено во 1481 година како едно од најстарите османлиски училишта, и втора најстара образовна институција во градот по Истанбулскиот универзитет којшто бил основан во 1453 година. Интересен факт е тоа што ФК Галатасарај, којшто во 2000 година го освоил купот на УЕФА било формирано во ова училиште. Училиштето членува во т.н. клуб на Галатасарај, во кое членуваат и Универзитетот Галатасарај и Галатасарајскиот спортски клуб. Името на училиштето во превод значи “Дворецот Галата“, бидејќи објектот се наоѓа во регионот Галата, во близина на кулата Галата, во Бејоглу.

Зградата на лицејот — внатрешен двор.
Лого на Галатасарајскиот лицеј.

Образованието се одвива на француски и турски јазик. Исто така се изучува и англиски и италијански јазик. Нормално, постојат услови за изучување и на другите светски јазици како: персиски, арапски, латински, грчки итн. Образованието е распределено на осум години.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наовди

уреди