Средна Гора
Средна Гора (бугарски: Средна гора) е планински масив во Централна Бугарија, кој се наоѓа јужно од планинскиот ланец Стара Планина. Средна Гора се протега од реката Искар на запад и до свиокот на Тунџа северно од Јамбол на исток. Средна Гора е долга 285 км, достигнувајќи најголема ширина од 50 километри. Нејзиниот највисок врв е Гољам Богдан со 1604 метри.[1]
Средна Гора | |
---|---|
Средна гора | |
Поглед од ридот од тракиското светилиште крај Старосел кон Средна Гора | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.604 м |
Друго име | Средна гора |
Географија | |
Место | Бугарија |
Матичен венец | Средна Гора |
Искачување | |
Најлесен пат | Лесно планинарење. |
Особености
уредиНеколку различни ридови ја поврзуваат Средна Гора со Старопланински ланец - Г’л’бец, Козница, Стражата и Межденик, а ридовите Шумнатица и Шипочан ја поврзуваат планината со Рила. Средна Гора се состои од три дела. Границите на одделните делови минуваат по клисурите на реките Тополница и Стрјама. Деловите на кои е поделена планината се Ихтиманска Средна Гора, С’штинска Средна Гора и Срнена Средна Гора.
Од Средна Гора извираат реките Тополница, Луда Јана, Пјас'чник, Рахманлиска, Омуровска и Сазлика. За Средна Гора се карактеристични широки ливади и пасишта. Планина е позната по воите прекрасни листопадни шуми од бука и даб, а исто така габар, јасен, јавор и бреза. Средна Гора има значителни резерви на бакарна руда (Мини Асарел Медет, Мина Елешница, Мина Радка и др.) и е богата со минерални извори - Хисарја, Стрелча, Панаѓуриште и Бања.
Наводи
уреди- ↑ Пенин Р. "Природна география на България", София, изд. Булвест 2000, 2007, стр. 180-184.
„Средна гора“ на Ризницата ? |