Верила (бугарски: Верила) е планина во западна Бугарија. Наоѓа се меѓу големите Рила и Витоша. Таа е сиромашна на води планина, со многу малку реки, кои поминуваат или извираат од неа. Оттука доаѓа и нејзиното име - од античкиот тракиски јазик, како антоним на името Рила што значело „планина со многу вода“.[1] Највисоката точка на Верила е врвот Голем Дебелец (1.415 м).

Верила
Верила планина
Поглед од југ кон Верила со Витоша во позадина.
Највисока точка
Надм. вис.1.415 м
Друго имеВерила планина
Географија
Верила на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецВерило-Рујската група
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Географија

уреди

Верила е дел од Верило-Рујската група која опфаќа 7 релативно ниски планини, сместени помеѓу границата со Србија и Рила планина. Планината е дел од вододелното било меѓу Црноморскиот и Егејскиот базен, како и климатска граница помеѓу умереноконтиненталната клима на север и преходноконтинентален клима на југ. Верила е сиромашна на води. Тоа значело и нејзиното име во Антиката. Од неа потекнува само рекичка Тополница, која собира потоците Бајнова река, Kлисурата и Дренска река. Само во два од длабоките и долови на југ има постојана вода - Симчино и Шарбано.

Северните падини на планината се обраснати со убави букови шуми, а јужните со закелавели мешани шуми од даб, бука и леска, кои се поубави во југоисточната половина. Заобленото и било е покриено со убави пасишта и ливади, поволни за пролетна паша на овците.

Јужните падини на Верила кон Горно поле на Дупнишката котлина, се длабоко исечени од ерозионните процеси. Над заобленото и било се издига врвот Голем Дебелец (1.415 м).

Наводи

уреди

Поврзано

уреди