Салуен

река во Азија

Салуен (бурмански: သံလွင်မြစ်, Танлвин; монски: သာန်လာန်, Сан лон; тибетски: རྒྱལ་མོ་རྔུལ་ཆུ།Вајли: rGyl mo rNGul chu; кинески: 怒江, Нуџанг; шански: Нам Конг; тајландски: แม่น้ำสาละวิน, Ме нам Салвин; — река во Југоисточна Азија што извира од Тибетската Висорамнина и завршува во Андаманското Море. Долга е 2.815 км и има тесна вододелница of 324.000 км2 што се протега во Кина, Мјанмар (Бурма) и Тајланд. Има брз и силен тек, претежно во клисури, и и нема брани. Како таква, една од најдолгите незаградени реки во светот.[2] Големиот слив на Салуен се одликува со биоразновидност слична на онаа на Меконг и население од 7 милиони жители. Во 2003 г., поважните делови од средиштето на вододелницата се ставени во состав на заштитеното подрачје Три Напоредни Реки, прогласено за светско наследство на УНЕСКО.[3]

Салуен
Нуџанг, Салвин
Река
Салуен во улога на граница помеѓу Мјанмар и Тајланд
Земји Кина, Мјанмар, Тајланд
Подрачја Јунан
Регион Тибет
Притоки
 - леви Меј
Град Моламјајн
Извор Чингхајски Планини
 - место непознат ледник, Тибет, Кина
 - височина 5.400 м
Утока Andaman Sea
 - местоположба Моламјајн, Мјанмар
 - височина м
Должина 2.815 км
Слив 324.000 км2
Истек
 - просечен 4.876 м3 [1]
Сливот на Салуен
Сливот на Салуен
Сливот на Салуен

Населението во поречието е релативно изолирано од остатокот од светот. Реката е пловна само во должина во последните 90 км, и тоа во врнежливата сезона.

Географија

уреди

Реката извира на надморска височина од 5.450 м[4] во Чингхајските Планини на Тибетската Висорамнина, недалеку од врутоците на Меконг и Јангцекјанг.[5] Најпрвин тече на запад, но набргу прави голем лак на исток, навлегувајќи во кинеската покраина Јунан и подрачјето Три Напоредни Реки, прогласено за светско наследство. Тука Салвин го носи името Ну (Нуџанг)[5] и важи за река со голем потенцијал — поголем од оној на системот „Три Клисури“, кој е најголем во светот. Потоа реката прави широк лак на југ, помеѓу Тибетската и Јунанско-гуејџоуанската Висорамнина, спуштајќи се во голем кањон со длабочина од 4.000 м. Продолжува во североисточен Мјанмар, низ сојузните држави Шан и Каја.[6]

По ова, реката нагло врти на запад и прави уште еден свиок на југ, па тече низ големите ридски венци во источен Мјанмар, Ден Лао и Дауна на исток и Каренските Ридови на запад.[7] Во следниот потег ѝ се придружува на реката Меј од источната страна и оди кон Тајланд, каде го носи името Салавин. Тука ја исцртува мјанмарско-тајландската граница во должина од 120 км, каде ѝ се придружува притоката Пај и тече низ Националниот парк Салуен. Потоа повторно влегува во Мјанмар, минувајќи низ сојузните држави Карен и Мон.[6] На крајот, реката излегува од клисурата некаде 250 км од устието и во голема мера се забавува низ земјоделските долини. Околу 89 км од устието, реката конечно се проширува и станува достатно длабока за поголеми пловила. Овде се влеваат притоките Донтам од десно и Ѓајин од лево, па реката свртува на запад, и се проширува во мала речна делта кај градот Моламјајн. Во овој дел живее најголемиот дел од населението на поречјето на Салуен.

Кај устието, реката има просечен годишен истек од 1.659 м3/с, со големи колебања на водостојот од месец до месец.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Водни ресурси на Мјанмар“. AQUASTAT. Посетено на 2010-09-21. Наведени 157 км3/год, што значи околу 4.876 м3
  2. „Free-flowing rivers: Economic luxury or ecological necessity?“ (PDF). World Wildlife Fund. 2006-02. Посетено на 2010-03-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Yanfei Sun and Dingxin Zhao, "Environmental Campaigns," in Kevin O'Brien ed. Popular Protest in China, Harvard University Press, 2008.
  4. „Die Quelle des Saluen (= Nag Chu, Tibet)“. Посетено на 2012-10-21.
  5. 5,0 5,1 „Salween River“. Ecoregions: Earth's most special places. World Wildlife Foundation. Архивирано од изворникот на 2009-08-29. Посетено на 2009-12-03.
  6. 6,0 6,1 „The Salween River“. Salween Watch. Посетено на 2009-12-03.
  7. „Burma -Geography“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 2013-11-22.

Надворешни врски

уреди

17°09′N 97°38′E / 17.150° СГШ; 97.633° ИГД / 17.150; 97.633