Андаманско Море
Андаманско Море или Бурманско Море (бурмански: မြန်မာပင်လယ်; хинди: अंडमान सागर; тајландски: ทะเลอันดามัน) — водна површина во состав на Индискиот Океан и се наоѓа југоисточно од Бенгалскиот Залив, јужно од Мјанмар, западно од Тајланд, источно од Андаманските Острови и Никобарските Острови, и северно од Суматра и Мајалскиот Теснец.
Андаманско Море | |
---|---|
Местоположба на Андаманското Море | |
Вид | море |
Сливни земји | Бурма, Индија, Индонезија, Малезија, Тајланд |
Најг. должина | 1.200 км |
Најг. ширина | 645 км |
Површина | 600,000 км2 |
Прос. длабочина | 1.096 м |
Најг. длабочина | 4.198 м |
Зафатнина | 660.000 км3 |
Наводи | [1][2] |
Морето е долго 1.200 км во правец север-југ, широко 650 км и зафаќа површина од 600.000 км2. Просечната длабочина изнесува 870 м, а максималната длабочина е 3.777 м.
Просечната температура на површинскиот слој на водата во февруари изнесува 26-28 °C, а во август се искачува над 28 °C. Соленоста се колеба од 20 ‰ на север до 34 ‰ на југозапад. Замавот на морето се менува од 4,7 до 6 метри.
Главно пристаниште е Рангун.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Андаманско Море - Голема советска енциклопедија (руски)
- ↑ Андаманско Море - Енциклопедија „Британика“ (англиски)