Вододелница — граница на два слива во облик на линија од која водата се слева во два правца.[1] Во повисоките краишта, делницата лежи по сртовите на ридовите и планините. Делницата потешко се утврдува во рамничарските предели, особено ако се мочурливи.

Главните сливови во Европа (сиво) и нивните вододелници (црвени линии)
Чешма како обележје на вододелницата на црноморскиот и северноморскиот слив

Видови

уреди

Постојат три вида на вододелници:

  • континентална — водите што ги двои течат во различни океани. Таков пример е вододелницата Конго-Нил.
  • главна вододелница — водите од секоја страна не се среќаваат, но сепак завршуваат во ист океан. Таква е делницата на Јангцекјанг и Хоангхо.
  • помала делница — водите се делат, но подоцна се среќаваат во речна утока. Пример е вододелницат на Мисисипи and Мисури.

Вододелниците често претставуваат пречка во речниот сообраќај. Во прединдустриско време, пловилата се премесувале по сувоземен пат, а подоцна се прокопувале канали со цел да се спојат соседните сливови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди