Три Напоредни Реки

Заштитени подрачја во Народниот парк Три Напоредни Реки во покраината Јунан (кинески: 云南三江上流; пинјин : Yúnnán Sānjiāng Bìngliú) — Светско наследство на УНЕСКО во Кина. Лежи во сливовите на горниот тек на реките Јангце (Џинша), Ланцанг (Меконг) и Нуџјијанг (Салвин) во покраината Јунан во планините Хенгдуан.[1]

Три Напоредни Реки од Заштитеното подрачје Јунан
Three Parallel Rivers of Yunnan Protected Areas
светско наследство на УНЕСКО
Местоположбата на Трите Напоредни Реки во Заштитеното подрачје Јунан означена со црвен круг
МестоЈунан, Кина
Критериумприродно: (vii)(viii)(ix)(x)
Навод1083bis
Запис2003 (XXVII заседание)
Дополнувања2010
Координати27°53′42″N 98°24′23″E / 27.89500° СГШ; 98.40639° ИГД / 27.89500; 98.40639
Меили Шуе Шан

Географија

уреди

Заштитените области се протегаат на 15 основни области со вкупна површина од 939.441,4 ха и тампон-зона со вкупна површина од 758.977,8 ха на подрачје од 180 x 310 км. Овде, на оддалеченост од повеќе од 300 км, три големи азиски реки течат приближно напоредно една со друга, иако се разделени со високи планински вериги со врвови над 6000 метри. По оваа област во близина на сливот, реките нагло се разминуваат: реката Нуџјианг станува Салвин и се влева во Индискиот Океан кај Мулмеин во Бурма, Ланцанг станува Меконг, тече јужно од градот Хо Ши Мин во Виетнам и се влева во Јужнокинеското Море, и Јангце, што се влева во Источнокинеското Море во близина на Шангај. Избрани природни резервати и места со извонредна убавина во ова единствено подрачје биле збирно запишани на Списокот на светско наследство во 2003 година поради нивната богата биолошка разновидност и исклучителна топографска разноликост.

Напоредно со овие три реки, но на запад во Бурма, се наоѓа речната клисура на реката Н'Маи, главна притока на реката Иравади.

Биологија

уреди

УНЕСКО во својот опис наведува: „(Тоа) можеби е биолошки најразновидниот умерен регион на земјата“ и „Извонреден опсег на топографски особености — од клисури до карст до леднички врвови — се поврзани со местото на судир на тектонските плочи“.

Поради својата топографија и географска положба, областа на Трите Напоредни Реки има многу видови клима. Просечните годишни врнежи се движат од 4.600 мм во областа Дулонџјианг во западниот округ Гонгшан до 300 мм во долините на реката Јангце. Во заштитените подрачја живеат околу 6.000 вида растенија, 173 вида цицачи и 417 вида птици. Многу растенија и животни се ендемични во овој регион.

Култура

уреди

Иако овој регион е признат како место на природно светско наследство, неговиот демографски состав е исто така многу занимлив. Во него живеат многу од дваесет и петте малцинства во покраината Јунан, вклучително и Дерунгите, најмалата од сите кинески малцински групи. Некои од другите малцинства што се наоѓаат во овој регион се Тибетанците, народот Ну, Лису, Бај, Пуми и Наши. Многу од овие малцинства сè уште користат традиционални носии како вообичаена секојдневна облека.

Во истиот регион како заштитеното подрачје на Трите Напоредни Реки во Јунан се наоѓа стариот град Лиџјианг, кој исто така сам по себе е дел од светското наследство.[2]

Заштитени подрачја

уреди
 
Горниот тек на реката Јангце, што се упатува кон север, штотуку излегува од сатеската „Тигров Скок“.

Заштитените подрачја во Народниот парк Три Напоредни Реки во покраината Јунан се состојат од петнаесет заштитени подрачја во осум географски групи. Областите се:

  • Три одделни делови од Народниот природен резерват Гаолигонгшан
  • Природен резерват Хаба Шуешан со сатеската Тигров Скок
  • Природен резерват Езеро Бита, дел од Народниот парк Пудакуо, во областа Шангри-Ла
  • Природен резерват Јунлинг
  • Живописна област Гонгшан
  • Живописна област во округот Фугонг Јуелијангшан (позната и како планина на Камената Месечина)
  • Живописна област Пјанма во областа Лушуи
  • Бајма-Мејли Шуе Шан — резерват на планинската област Мејли, со највисок врв од заштитените подрачја на 6740 м.
  • Живописната област на езерото Јулонг во округот Дечин
  • Живописна област Лаовошан во округот Фугонг
  • Живописна област Хонгшан, дел од Народниот парк Пудакуо во округот Шангри-Ла
  • Живописна област Чјианхушан (Планина на Илјада Езера) во областа Шангри-Ла
  • Областа Лаоџонгшан во Автономниот Округ Ланпинг Баи и Пуми

Растителен и животински свет

уреди

Според УНЕСКО „областа покриена со Светското наследство се смета за најбиоразновиден и најмалку нарушен умерен екосистем во светот“.

Растителен свет

уреди

Заштитениот копнен екорегион на ова жариште на биолошката разновидност е главно покриен со умерени иглолисни и широколисни шуми. Во заштитените подрачја живеат околу 6.000 видови растенија, од кои многу се ендемични за оваа област. Во овие области наоѓаме повеќе од 200 сорти рододендрони и повеќе од 100 вида линцури и јаглики.

Животински свет

уреди

Областа е живеалиште на 173 вида цицачи, од кои 81 се ендемични и 417 вида птици, од кои 22 се ендемични. Некои од цицачите што ги населуваат овие области се ендемичниот црнобел мајмун (Rhinopithecus bieti), индискиот леопард (Panthera pardus fusca), снежниот леопард и облачниот леопард (Neofelis nebulosa); гаолигоншка пика (Ochotona gaoligongensis), гонгшански мунтјак (Muntiacus gongshanensis), кинеска ровчица (Uropsilus soricipes ) и лангур (Trachypithecus pileatus); макаки (Macaca arctoides), црвен волк, црн мошусен елен (Moschus fuscus) и такин; видра (Lutrogale perspicillata), гибон (Hoolock hoolock), азиска црна мечка (Ursus thibetanus) и црвена панда.

Ретки видови птици во овие области се еребицата (Tetraophasis obscurus), фазанот (Chrysolophus amherstiae), белиот фазан (Crossoptilon crossoptilon), јунански ореовец (Sitta yunnanensis) и џиновски ореовец (Sitta magna); „Ianthocincla bieti, патка (Aythya nyroca), тетреб (Tetrastes sewerzowi ) и кафеавокрилен папагал (Sinosuthora brunnea); црноврат жерав (Grus nigricollis) и еребица (Tetraophasis obscurus).

Наводи

уреди
  1. UNESCO World Heritage Centre 1992-2016. „Three Parallel Rivers of Yunnan Protected Areas“. Посетено на 2016-07-01.
  2. Unesco

Надворешни врски

уреди