Рубенс Барикело

(Пренасочено од Рубенс Баричело)

Рубенс Гонсалвеш Барикело (португалски: Rubens Gonçalves Barrichello; р. 23 мај 1972) — Бразилски Формула еден возач. Тој моментално вози за Хонда. Барикело возел за Ферари од 2000 до 2005 г., како екипен колега на Михаел Шумахер, уживајќи значајни успеси. Пензионирањето на Шумахер на крајот на 2006 го направи Барикело најискусниот возач на патеката. Барикело порасна идолизирајќи го поранешниот Аиртон Сена, додека Сена за возврат го прогласи за свој штитеник; како на пример во сезоната 2008 во Формула Еден Барикело ќе биде единствениот возач што се натпреварува во Формула Еден кој се тркал против Сена, и ги има освоено петте најголеми возачки бодови во историјата на Формула Еден.[1]

Рубенс Барикело
Rubens Barrichello

Барикело на ГП на САД во 2002
Националност Бразил Бразилец
Болид # 17
Моментален тим Хонда Рејсинг Ф1 Тим
Кариера во Формула 1 светското првенство
Трки 258 (255 старта)
Титули 0
Победи 9
Пиедестали 61
Пол позиции 13
Вкупни поени 519
Најбрзи кругови 16
Прва трка Гран-при на Јужна Африка, 1993
Прва победа Гран-при на Германија, 2000
Последна победа Гран-при на Кина, 2004
Последна трка Гран-при на Турција, 2008
Пласман во 2007 20-ти (0 п)

Младост

уреди

Барикело е роден во Саун Пауло, како син на Рубенс Барикело Помладиот. Двајцата неговиот татко и дедо имале исто име Барикело . Барикело и неговиот татко, делат ист роденден: 23 мај[2]. Исто така, Рубенс Барикело наречен е и Рубињо и тоа му стана негов прекар. Барикело бил екстремно надежен возач во младоста, освојувајќи пет картинг титули во Бразил пред да дојде во Европа да се натпреварува на Формула Лотус трката во 1990. Во оваа година, тој го освои првенството, повторувајќи го подвигот во Британскиот Формула 3 Шамионат, победувајќи го маладиот Дејвид Кулхарт. Тој скоро се приклучи во Формула еден на само 19 години наместо во Формула 3000 во 1992.

Кариерата на Рубенс Барикело

уреди

Барикело првите години имал мало професионално искуство. Во третата трка, т.е. Европски гран при, тој стартуваше на 12-тата позиција на многу влажни услови, но тој на крајот на првиот круг бил четврт. Тој највисоко го достигна второто место, и бил сѐ уште на неверојатното трето место, поминувајќи ги Дејмон Хил и Алан Прост од Вилијамс, пред да се соочи со проблеми со горивото. За несреќа сигурноста на возилата била многу мала за време на целата сезона во 1993 и затоа беа неколкуте победи и само некои од нив беа возможни. И покрај тоа, Барикело регуларно ги победил неговите поискусни екипни колеги, како што бил Иван Капели, Тиери Бустен. На Францускиот Гран При, тој бил блиску до освојување на првото место но загуби од Мишел Андрети во последниот круг. Единствениот пробив кон врвот во таа сезона дојде конечно во Сузука со петтото место пред неговиот нов клупски колега Еди Ирвајн. Во 1994 тој стартуваше добро со четвртото место во Бразил и со третото место во тихоокеанското Гран При во Аида - Јапонија што го пласира на второто место на ранг листата, единствено зад Михаел Шумахер, кој имал победено на двете трки. Но кариерата на Рубенс скоро и да заврши со несреќата на Гран При-то на Сан Марино, каде во тешката несреќа за време на петочниот тренинг тој бил во кома, скоро и да го убила. Неговата душевна состојба не била подобрена поради смртта на неговиот идол Аиртон Сена два дена по несреќата. Покрај оваа тешка лична загуба, Барикело ја врати својата доверба и се тркал со засилено темпо на останатите трки- вклучувајќи пол позиција на трката во Спа на Француското првенство и бил водач неколку круга во Есторил. Во тоа време тој бил најмладиот возач што освоил пол позиција. Тој завршил на одличното шесто место на Првенството за возачи со 19 бода, многу повеќе од клупскиот колега Еди Ирвајн, кој постигна шест бода. Слична година со екипата следела во 1995. И покрај второто место во Монтреал, Барикело страдал од несигурноста во екипата на Џордан во споредба со 1994 и таа сезона завршил на единаесттото место со единаесет бода.

 
Барикело на Канадскиот Гран При во 1997.

Надеж имало во 1996, со созреаниот, надежен и моќен мотор на Пежо и свежите пари донесени од Бенсон и Хеџес. Но, како сезоната се одвивала се открила тајната дека екипата на Џордан нема да претендира за победа. Неговите односи со сопственикот на екипата Еди Џордан се влошиле во 1996 година, и тој замина за ново формираниот Стевартсов Гран При во 1997.

Тешки години - Џордан Стјуарт

уреди

1997 била прва тешка година за екипата и Рубенс завршил само три трки во текот на целата година. Очигледно истакнување било второто место во Монако, додека неговиот екипен колега Јан Магнусен не освоил ниту еден бод. Во истата 1997, тој се оженил со Силвана Џиафоне на 24 февруари. Таа е братучетка на бразилскиот возач Фелипе Џиафоне и внука на Алфонсо Џиафоне Фило и Зека Џиафоне.

Барикело ја постигнал неговата прва гран-при победа на германското гран-при во Хокенхајм во 2000, откако ја започнал трката од осумнаесеттото место. Ова било најголемото чекање на првата победа на гран-при за било кој возач во историјата на Ф1. Барикело имал доследна дебитантска сезона за Ферари, завршувајќи ги повеќето трки на пиедестал, но бил победен од трите сигурни болиди: Шумахер, Хакинен и Култхард. Барикело ја завршил сезоната четврт помагајќи му на Михаел Шумахер кој се борел и го победил Мика Хакинен во Ф1 првенството 2000. Барикело ја завршил сезоната 2001 на третото место, завршувајќи 10 пати на пиедесталот со вкупно 56 шампионатски бодови. Тој повторно играл главна улога за поддршка на Михаел Шумахер, помагајќи му нему да го освои неговото второ возачко првенство со Ферари и помагајќи ѝ на екипата да го освои првенството за конструктори трета година по ред. Успехот на Барикело продолжил и во 2002 кога тој победил на 4 трки за екипата и завршил на најдоброто во кариерата второ место во возачкото првенство, постигнувајќи 77 шампионатски бодови. Годината сепак била обележана како контроверзна, кога екипата на Ферари наложила Барикело да биде поминат од Михаел Шумахер на целната рамнина на австриското гран-при 2002 и да ја освои победата. Засрамен од ваквиот начин на победа, Михаел Шумахер го заменил подиумското место со Барикело и на подиумската церемонија му го дал победничкиот трофеј на Барикело, за што подоцна биле казнети од ФИА поради нарушување на церемонијата на прогласување[се бара извор].

 
Барикело за Ферари кога очигледно застана за да го пушти Михаел Шумахер да победи на австрискиот Гран При во 2002.
  • Среќниот број на Барикело е бројот 11, кој бил број на неговиот картинг кога тој победил на неговата прва трка.

Во Ф1 сезоната 2006 неговиот екипен колега Џенсон Батон му го дач на Барикело својот број. Барикело бил поминат од Батон, и се пожалил дека неговата формула не одговара на неговиот стил на возење, всушност во неговиот стил на кочење. По модификациите на неговата формула тој беше во можност да биде поконкурентен. На гран-прито во Монако во 2006, тој го освоил неговиот прв пиедестал со својата екипа.

Наводи

уреди
  1. „Barrichello 'ups the level of competition' - IndyCar.com“. web.archive.org. 2012-03-03. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на 2024-01-17.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „My story, from Rubens Barrichello Official site. Архивирано од изворникот на 6 April 2007. Посетено на 2 June 2007.

Надворешни врски

уреди