Мика Паули Хакинен (фински: Mika Pauli Häkkinen; р. 28 септември 1968 во Хелсинки) — фински возач на тркачките автомобили, двократен шампион на Формулa 1 (1998 и 1999).

Кариера во Формула 1
Активни години19912001
ТимЛотус, Мекларес
Трки165 (161 starts)
Освоени првенства2 (1998, 1999)
Победи20
Подиуми51
Вкупно освоено поени420
Пол позиции26
Најбрз круг25
Прва трка1991 Сад Гранд При
Прва победа1997 Европско Гранд При
Последна победа2001 Сад Гранд При
Последна трка2001 Јапонско Гранд при
Фотографија од Мика Хакинен

Животопис

уреди
 
Мика Хекинен во Макларен на американското Гранд-при во 2000 године

Роден во Хелсинки, како момче од својата петта година се натпреварувал во картинг. Во 1990 година победил во Формула 3 што му обезбедило место во Формула 1 и во 1992 потпишал договор со тимот на Лотус. Во 1993 преминал во Мекларен каде добил улога на тест-возач. Истата година тимот го напуштил Марио Андрети и Хекинен добил можност да вози трка заедно со тимскиот колега Аиртон Сена. Во својата прва трка за Макларен успеал да го престигне Сена што предизвикало сензација. Сена во 1994 година преминал во Вилијамс и Хекинен станал прв возач. Во 1995 година доживел тешка несреќа на трката во Аделаида, во Австралија после која едвај останал жив. Сè до 1997 година не успеал да победи и имајќи просечни резултати. Меѓутоа, следните две години бил без конкуренција, пред сè заблагодарувајки им се на одличните Макларенови болиди со Мерцедесови берилијумски мотори и успеал да освои шампионски титули во 2000 и 2001 година, а за титула се борел со Михаел Шумахер, но двапати изгубил. Во 2002 година објавил дека заминува на едногодишна пауза, но за брзо време објавил дека се повлекува од Формула 1. На трките се вратил 2004 година, но овој пат во ДТМ првенство. Се оженил и има две деца.

Надворешни врски

уреди