Росен Жељазков
Росен Димитров Жељазков (бугарски: Росен Димитров Желязков) е бугарски политичар и поранешен претседател на Народното собрание на Бугарија.
Росен Жељазков | |
---|---|
Претседател на Народното собрание на Бугарија | |
На должноста 19 април 2023 – 25 април 2024 | |
Претходник | Вежди Рашидов |
Наследник | Раја Назаријан |
Лични податоци | |
Роден(а) | 5 април 1968 Софија, Бугарија |
Партија | ГЕРБ |
Биографија
уредиРоден е на 5 април 1968 година во Софија. Магистрирал правни науки на Софискиот универзитет.
Во 1994 година, тој ја започнал својата кариера како правен советник во реонот Средец во Столична општина Софија, каде што бил виш правен советник, секретар и заменик градоначалник. Од почетокот на 1995 година бил граѓански и трговски адвокат.[1]
Помеѓу 1998 и 1999 година, тој работел како заменик-градоначалник за „Закон и контрола“ на реонот Лозенец, Столична општина Софија.
Од 2003 до 2009 година бил секретар на Столична општина Софија. Подоцна тој продолжил да работи како главен секретар на Министерскиот совет на Бугарија од 2009 до 2013 година.
Во периодот 2014-2016 година бил министер за јавна администрација и е-влада.[1][2] Од 30 септември 2016 година со одлука на Министерскиот совет бил назначен за претседател на Државната агенција за е-влада.[1][3]
На 20 септември 2018 година, тој бил избран од Народното собрание за министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации.[1]
Бил пратеник (ГЕРБ-СДС) во 45., 46., 47., 48. и 49. Народно собрание на Бугарија. На 19 април 2023 година, по договорот помеѓу ГЕРБ-СДС и втората по големина група во Народното собрание - ПП-ДБ, Росен Жељазков беше избран за претседател на парламентот со 136 гласа „за“.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Atanasova, Maria (2023-04-19). „Росен Желязков: Запален по моторите и рок музиката: Кой е новият председател на Народното събрание?“. Fakti.bg - Да извадим фактите наяве (бугарски). Посетено на 2023-10-04.
- ↑ „Кой е Росен Желязков, когото ГЕРБ издигат за шеф на НС“. www.24chasa.bg (англиски). Посетено на 2023-10-04.
- ↑ „Кой е Росен Желязков? Един от най-приближените на Борисов става транспортен министър“. Epicenter (бугарски). 2019-09-17. Посетено на 2023-10-04.
- ↑ New Bulgarian Parliament Elects Its Leader - BULGARIAN NEWS AGENCY