Вежди Рашидов
Вежди Рашидов (роден на 14 декември 1951 во Димитровград) е бугарски политичар и министер за култура на Бугарија во периодот од 2009 до 2013 година.
Вежди Рашидов | |
---|---|
Министер за култура | |
На должноста 27 јули 2009 – 13 март 2013 | |
Претходник | Стефан Данаилов |
Наследник | Владимир Пенев |
Лични податоци | |
Роден(а) | 14 декември 1951 Димитровград, Бугарија |
Партија | ГЕРБ |
Кога имал две години, неговите родители се преместиле во Хасково. Неговата мајка починала кога тој имал четири години. Завршил на Уметничката гимназија во Софија. И покрај тоа што е етнички Турчин, често пари ја критикува партијата Движење за права и слободи. Во 2001 година бил уапсен поради тепање на полицаец. Во 2002 бил награден со орден Стара Планина.
Во текот на својата кариера, направил повеќе од 40 изложби во Бугарија и надвор од неа. По изборите тој станал пратеник во бугарското собрание, а од 2009 е министер за културата.