Робин Ријана Фенти (англиски: Robyn Rihanna Fenty), попозната само како Ријана (р. 20 февруари 1988 во Сент Мајкл, Барбадос) — барбадоска пејачка. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Ријана
Rihanna
Ријана за време на нејзината Last Girl on Earth турнеја во Њујорк, 2010.
Животописни податоци
Родено имеРобин Ријана Фенти
Познат(а) и какоРијана
Роден(а)20 февруари 1988(1988-02-20)(36 г.)
ПотеклоСв. Мајкл, Барбадос
ЖанровиПоп, Р&Б, Реге
ЗанимањаПејачка
Период на активност2005 – сѐ уште
ИздавачиDef Jam Recordings
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Потпис

Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“. После нецелосна година го издава и вториот студиски албум, A Girl Like Me (2006), кој се искачува во топ пет на Билборд 200, а од него произлегуваат првиот американски број еден сингл на Ријана, „SOS“, како и двeтe топ десет песни „Unfaithful“ и „Break It Off“. Третиот студиски албум Good Girl Gone Bad (2007) е досега нејзиниот најуспешен албум, кој успева да се искачи на втората позиција на американскиот Билборд 200. Албумот содржи пет топ десет хитови, вклучувајќи ги американските број еден „Take a Bow“ и „Disturbia“, како и интернационалните „Umbrella“ (нејзиниот најзначаен сингл) и диско химната „Don't Stop the Music“. Албумот беше номиниран за 9 Греми Награди, успевајќи да ја освои наградата за Најдобра рап соработка за „Umbrella“, која е соработка заедно со Џеј-Зи. Нејзиниот четврти студиски албум, Rated R го издава во ноември 2009 и успева да ја достигне четвртата позиција на Билборд 200. Првите три издадени синглови „Russian Roulette“, „Hard“ и „Rude Boy“ стигнаа до топ десет на Билборд Хот 100, со тоа што „Rude Boy“ се искачи на врвот и остана таму за време од пет напоредни недели. Loud, петтиот студиски албум на Ријана е издаден во ноември 2010. Во него се вклучени интернационалните хитови - „Only Girl (In the World)“, „What's My Name?“ и „S&M“.

Ријана има продадено повеќе од 28 милиони албуми и 100 милиони песни на светско ниво,[1] со што ја прави еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Таа има десет број еден песни на американскиот Билборд Хот 100, од првото нејзино појавување на табелата на 11 јуни 2005, што е најголем број на хитови што некој изведувач успеал да го достигне за толку краток период.[2] Од 18 март 2011, Рихана има продадено околу 6 милиони албуми и 28 дигитални синглови во САД.[3][4] Исто така има продадено и околу 10 милиони плочи во Велика Британија. Магазинот Билборд ја назначи Ријана за дигитален артист за изминатата декада (2000-тите).[5] Ријана има и билион гледања на нејзините видеа на YouTube, со што стана само четвртиот артист да го достигне тоа.[6] Има земено неколку награди, вклучувајќи две Светски Музички Награди за 2007 година (Најпродаван женски музичар и Најдобар женски соло артист).[7] Има добиено четири Греми Награди, четири Американски музички награди и 15 Билборд музички награди. Таа е еден од културните амбасадори на Барбадос.[8]

Животопис

уреди

1988-2004: Ран живот и првите почетоци

уреди

Ријана е родена во Свети Мајкл, Барбадос на 20 февруари 1988,[9] во семејството на Моника, сметководител по струка и Роналд Фенти, супервизор во складиште.[10] Нејзината мајка, родена во Гвајана, е со африканско-гвајанско потекло, додека нејзиниот татко е со баханско и ирско потекло.[11] Таа е најстара од трите деца на семејството; има и двајца помлади браќа, Рореј и Рајад Фенти.[12] Таа почнала со пеење кога имала околу седум години. Таа имала доста „болно“ детство, поврзано со зависноста од кокаин на нејзиниот татко, и кршливиот брак кој тој го имал со нејзината мајка кој завршил кога Ријана имала само четиринаесет години.[10] Таа одела во Чарлс Ф. Брум Меморијалното училиште, основно училиште во Барбадос, а подоцна и во Комбермер, каде што на петнаесет години формирала музичко трио со нејзините соученички.[12] Во 2004 година ја освоила титулата мис на Комбермер.[13] Била кадет во армијата на Барбадос каде што Шонтел била нејзин предводник.[14]

Во 2003 година, пријателите на Ријана, ги претставиле неа и нејзините две другарките од триото пред музкичкиот продуцент Евен Роџерс, кој во тој период престојувал на одмор во Барбадос заедно со неговата жена. Роџер после аудицијата изјавил дека: „Во минутата кога Ријана влезе во собата, другите две девојки како и да не постоеја“. За време на аудицијата, Ријана испеала кавер на „Emotion“ на Destiny's Child.[12] Веќе следната година, Ријана и нејзината мајка се упатиле кој домот на Роџерс во Стемфорд, Конектикат. За кратко време откако наполнила шеснаесет години таа се преселила во Соединетите Држави за да живее заедно со Роџерс и неговата жена. Карл Стуркен и помогнал да сними четири демо песни,[15] вклучувајќи ја баладата „Last Time“, кавер на песната на Витни Хјустон „For the Love of You“, како и песната која што стана и нејзиниот прв светски хит „Pon de Replay“. Песните биле испратени до различни продукциски куќи. Ријана ги снимала само за време на летото и Божиќните празници, затоа што сè уште одела на училиште. Нејзините демо песни, стигнале и до Def Jam, каде што била поканета на аудиција од страна на тогашниот директор на продукцијата Џеј-Зи, по што веднаш го потпишала договорот.[13][16]

Music of the Sun“ е првиот албум на Ријана. Тој беше објавен на 30 август 2005 година. Од него понатаму беа објавени повеќе синглови, а прв сингл е Pon de Replay. Овој сингл беше објавен на 11 октомври 2005 година и стигна на второто место во 100те американските најдобри и во англиската музичка индустрија.[17] Овој сингл исто така доби голем број на први награди поради добрата побарувачка за нејзината песна на радио. Овој сингл беше напишан од самите Карл Стуркен и Ивен Роџерс, заедно со самата Ријана. Од списанието Rolling Stone беше опишан како едно од најдобрите дела на мешавина на реге со удари со дланки, синкопиран ритам и вид повикување на џез. Сепак, без разлика на успехот од маркетингот и рекламирањето на Pon de Replay, самиот албум немаше толкав успех и од списанието Rolling Stone беше оценет со 2,5 звезди од 5, и беше опишан како албум на кој му недостасува мудрост, генијалност. Откога беше објавен, албумот стигна до најдобрите 10 во САД и Канада, добивајќи златно уверение од RIAA - Recording Industry Association of America (македонски: Снимачка индустриска асоцијација на Америка) за продажба на 500,000 примероци. Исто така, доби и неколку платински награди за продажба на околу два милиони примероци во сите држави низ светот. За понатаму да го промовира својот албум, Ријана пееше на отворањата на концертите на американската поп ѕвезда Гвен Стефани.

Вториот сингл, If It's Lovin' that You Want беше значително помалку успешен од неговиот претходник, и неговиот највисок пласман на 100те американските најжешки беше 36тото место, и 11ето во Велика Британија. Нејзиниот трет сингл беше "Let Me", кој беше објавен само во Јапонија, стана огромен хит и стигна до осмото место на плеј листите.

Кога AskMen Magazine ја прашаа Ријана за природата на самиот албум, таа изјави дека бил објавен премногу брзо откога ја пронашле во нејзиниот дом како девојка од мало место, кое се преселило во голема држава и дека нејзиниот втор албум ќе биде објавен малку подоцна потоа, за да може да покаже дека за времето поминато во земјата пораснала доволно брзо за да објави уште еден албум.

Важно за овој албум е дека уште во првата недела од неговото објавување, беа продадени неверојатни 69 илјади копии, што за деби албум на било кој пејач е одлично. Ова докажува дека кариерата на Ријана ќе биде блескава. Моментално овој албум има продадено над 600 000 копии.

 
Ријана за време на Good Girl Gone Bad Tour, ја изведува „SOS“, од албумот A Girl Like Me

Во 2006 година, Ријана учествуваше на неколку големи рекламни договори, вклучувајќи ги Nike и J.C. Penny. Таа во продажба го пушти нејзиниот втор албум, „A Girl Like Me“, во април 2006 година; нешто помалку од 8 месеца од промоцијата на првиот албум. Албумот дебитираше на петтото место во САД и на четвртото во Велика Британија. Водечкиот сингл „SOS“, беше употребен во нејзиниот рекламен договор со Nike. Оваа песна стана првата песна на Ријана која се качи на првото место на американските топ листи, вклучувајќи ја и списокот на најжешките 100. SOS се искачи на највисокото место и во Австралија, и на второто место во Велика Британија. Вториот сингл, со име „Unfaithful“, напишан од Р&Б пејачот Не-Јо, ги посочува чувствата на вина што ги има глумицата на песната која го изневерува своето момче. Песната стана нејзината трета топ 10 песна во САД и Велика Британија.[18] Третиот сингл, We Ride, не беше толку успешен како и неговите претходници, и не успеа да се пласира на најжешките 100 во САД, но сепак, стана нејзиниот петти сингл кој стигна до најдобите 20 во Велика Британија, каде што стигна до седумнаесеттото место. Стигна и до првото место на американската листа за најдобри Dance Club Play. Нејзиниот четврти сингл од овој албум, "Break It Off", кој го испеа заедно со Шон Пол, се качи на четириесет и петтото место само од едно пуштање во живо. Кога песната беше пуштена во продажба како дигитална снимка, на 19 февруари 2007 година, веднаш скокна од 52то место на место број десет, а потоа стигна и до деветтата позиција.

Вкупно, Ријана има 11 различни први места на топ листите, и огромен успех на списокот на Hot Dance Club Play, со четири први места и тоа: "Pon de Replay", "SOS", "Unfaithful" и "We Ride". Кога Ријана доби нова понуда за рекламен договор, од Clinique, таа снимаше песна напишана од Не-Јо со име Just Be Happy, како дел од договорот за промоција на нивната Среќна Арома. Песната можеше да биде слушната и од нејзината страна на MySpace.

Ријана го направи нејзиното деби како глумица во кратката улога која ја имаше во Bring It On: All or Nothing, која беше промовирана на 8 август 2006 година. Ријана исто така се појави во епизода на Американската сапуница All My Children и драмата Las Vegas.

 
Ријана во текот на Glow in the Dark турнејата во 2007.

Ријана влезе во студио на почетокот на 2007 година заедно со Не-Јо, Stargate и Тимбаленд, помеѓу другите со кои го сними нејзиниот трет албум, „Good Girl Gone Bad“. Албумот беше објавен на 5 јуни 2007 година. На албумот се вклучени дуети со Џеј-Зи и Не-Јо. Првиот сингл од албумот „Umbrella“, беше реализран на 29 март 2007 година, и го освои светот. Овој сингл ги зазема првите места во многу држави ширум светот, а во Велика Британија беше на прво место дури 10 редни седмици. Тоа беше сингл кој најдолго успеал да се задржи на првата позиција толку долго време, после синглот на „Wet, Wet, Wet“, именуван како „Love is all around“, назад во 1994 година, и синглот кои најдолго бил на прво место, а бил изведуван од женско, Витни Хјустон, „I Will Always Love You“, кој исто така после 10 седмици на врвот во 1994 година падна. Овој сингл беше произведен од Кристофер ”Шегобиецот” Стјуард и Териус ”Сонот” Неш. Нејзиниот втор сингл од албумот, „Shut Up and Drive“, беше испратен до радио станиците на 5 јуни 2007 година, досега стигна до број 15 на светските листи. Нејзиниот трет сингл, „Don't Stop the Music“, имаше премиера на Американската телевизија “Bet”, во емисијата „106 & Park”, на 2 јули 2007 година, а беше реализиран само во Канада и Велика Британија. Нејзиниот четврти сингл „Hate That I Love You“, заедно со Не-Јо, беше објавен на 21 август 2007 година, и го достигна одличното деветто место на Американската топ листа, а со тоа стана и шестиот Топ 10 хит на Ријана. Подоцна оваа песна беше препеана и на шпанглиски од страна на самата Ријана и латинската поп-ѕвезда Давид Бизбал. По овој сингл излезе и релоад издание на албумот насловено како „Good Girl Gone Bad:Reloaded“. Од ова издание на албумот беа реализирани два сингла како петти и шести сингл од целиот албум насловени како „Take a Bow“ и „Disturbia“ кои се едни од ТОП 5 хитовите на Ријана кои се наоѓале подолго време на светските топ списоци на самиот врв. Како последен сингл од албумот беше реализирана песната „Rehab“ во која мал дел зазема и Џастин Тимберлејк.

Ријана работеше на овој албум заедно со Тимбеленд, и тоа на три песни. Џастин Тимберлејк и е придружен вокал во „Rehab“ и и помагаше во пишувањето на песните. Во многу интервјуа со Ријана, таа беше прашувана за името на нејзиниот албум, за причината која тој така се вика. Нејзиниот одговор беше дека името ја симболизира старата Ријана и новата Ријана. Нејзиниот одговор беше:

Да бидеш лош значи дека си кул, значи дека си фанки, лошо значи да имаш однесување, да бидеш лош значи да бидеш стегнат. Овој албум е дефинитвно голем показател која сум јас сега и каде стојам со мојата кариера.


Седум седмици откако албумот беше објавен, тој стана злато во Соединетите Држави и во списокот на „Обединетите светски албуми“.

Исто така во 2007 година, Ријана ја доби првата награда за најдобра поп пејачка, и наградата за забавувач на годината од светските музички награди во 2007 година. На 18 ноември 2007 година, таа ја доби и наградата за најпопуларна Р&Б пејачка, на светските музички награди.

Со почеток од 12 септемвтри, 2008, Ријана ја имаше нејзината турнеја низ целиот свет со име како и нејзиниот последен албум, Good Girl Gone Bad Tour, турнеја. Гостин на оваа турнеја беше Акон, но само во Канада.

Најважно за овој албум е тоа што тој не доби ниту една критика. Ретко кога некој албум на врвот од светските топ списоци е „перфектен” во поглед на критичарите. А овој албум за нив беше токму таков.

2009-сегашност: Семејното насилство и „Rated R

уреди

На 8 февруари 2009 изведбата која Ријана требаше да ја има на Греми наградите 2009 беше откажана.[19][20] Подоцна се појавија извештаи во врска со наводна кавга со нејзиниот тогашен дечко Крис Браун кој беше уапсен под сомневање за изработка на криминални закани.[21] На 5 март 2009, Браун беше обвинет за напад и кривични закани против Ријана.[22][23] TMZ.com објави слика на која се гледаат повредите кои Крис и ги нанел на Ријана. Случајот пројде со голем број на интриги и приказни од кои дел упатени во корист на Ријана, а други на Браун. Откако ја сфати неговата вина Браун јавно излезе и кажа дека се чувствува виновен поради штетата која и ја нанел на неговата сега поранешна девојка и дека сака да му прости. Меѓутоа Ријана во интервју за 20/20 околу полагодина по несреќата изјави дека не може повеќе никогаш да му прости. Како и да е случајот излезе на суд и на 22 јуни 2009 година. Поради признавањето на вината од страна на Браун тој беше осуден само на пет месеци условна работа и забрана за приближување до Ријана на неколку метри.[24]

Ријана соработуваше со Џеј-Зи и Кејни Вест за песната „Run This Town“[25]. Песната се искачи на втората позиција на Billboard Hot 100, а исто така стигна и до ТОП 5 во десет земји. Таа се појави на насловната страна на Италјанскиот Vogue.[26]

Дискографија

уреди
 
Ријана во Бризбенската Арена во 2009.

Албуми

уреди

Синглови

уреди

Награди и номинации

уреди

Наводи

уреди
  1. „Biography: Rihanna on German MTV“ (германски). MTV. 2010-10-22. Архивирано од изворникот на 2011-02-26. Посетено на 2011-04-26.
  2. Trust, Gary (April 20, 2011). „Rihanna's 'S&M' Reigns on Hot 100, Lady Gaga's 'Judas' Debuts“. Billboard. Посетено на 2011-04-20.
  3. Gary Trust. „Ask Billboard: Beyonce Vs. Gaga Vs. Rihanna“. Billboard.com. Посетено на 2011-03-25.
  4. „Lady Gaga Beats Out Rihanna and Taylor Swift for Digital Sales Record“. AOL Music. 2011-03-18. Посетено на 2011-03-20.[мртва врска]
  5. Up for Discussion Jump to Forums. „Digital Songs Artist of the decade“. Billboard.com. Архивирано од изворникот 2012-07-28. Посетено на 2010-07-29.
  6. Steven J. Horowitz. „Rihanna Amasses a Billion YouTube Views“. AOL Music. Посетено на 2011-03-05.
  7. The Associated Press. „List of Grammy winners in major categories“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 2011-02-17. Посетено на 2011-02-17.
  8. „Rihanna Honoured“. 2008-02-25. Архивирано од изворникот 2008-06-16. Посетено на 2008-02-06.
  9. "Happy Birthday to a Real BOSS," See Who's Wishing Rihanna's A Happy 29th Birthday“. BET. February 20, 2017. Архивирано од изворникот на November 18, 2020. Посетено на May 16, 2019.
  10. 10,0 10,1 „Rihanna: Biography – Part 1 & 2“. People. Архивирано од изворникот на 2008-12-17. Посетено на 2008-12-16.
  11. Spivey, Lisa (Jan 2007). „Rihanna, The New Cover Girl“. Los Angeles Sentinel. 72 (23). стр. B.5. ISSN 0890-4340.
  12. 12,0 12,1 12,2 Watson, Margeaux (2007-06-22). „Caribbean Queen: Rihanna“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-10-21. Посетено на 2008-11-27.
  13. 13,0 13,1 Patterson, Sylvia (2007-08-26). „Singing in the rain“. The Guardian. Посетено на 2009-02-08.
  14. „Talking Shop: Shontelle“. BBC News. 2009-03-05. Посетено на 2009-03-05.
  15. Jones, Steve (August 1, 2005). „Rihanna has her day in the sun“. USA Today. Посетено на 2009-05-23.
  16. Reid, Shaheem. „Jay-Z's Picks: Teairra Mari, Rihanna, Ne-Yo“. MTV. Архивирано од изворникот на 2005-07-01. Посетено на 2009-02-08.
  17. „Artist Chart History – Rihanna“. Billboard. Архивирано од [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] изворникот] Проверете ја вредноста |url= (help) на July 28, 2008. Посетено на February 6, 2009.
  18. „Rihanna – Unfaithful – Music Charts“. Music Charts. Архивирано од изворникот на December 27, 2008. Посетено на August 24, 2009.
  19. Swash, Rosie (9 февруари 2009). „Grammys 2009: Rihanna cancels appearance after boyfriend Chris Brown arrested“. guardian.co.uk. Посетено на 2009-05-27.
  20. Hedley, Caroline (9 февруари 2009). „Grammy Awards 2009: Rihanna pulls out after Chris Brown arrest“. The Daily Telegraph. Посетено на 2009-05-26.
  21. Friedman, Roger (10 февруари 2009). „Chaos in Chris Brown-Rihanna Mess“. Fox News. Посетено на 2009-05-13.
  22. Lee, Ken (5 март 2009). „Chris Brown Charged with Two Felonies in Rihanna Beating“. People (magazine). Посетено на 2009-05-30.
  23. „Singer Brown charged with assault“. BBC News Online. 6 март 2009. Посетено на 2009-05-26.
  24. Staff, TMZ (22 јуни 2009). „Chris Brown Cops Plea - No Jail Time“. TMZ. Посетено на 2009-06-22.
  25. Kreps, Daniel (2009-07-24). „Rihanna Returns and Kanye West Shines on Jay-Z's "Run This Town". Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на 2009-07-27. Посетено на 2009-09-03.
  26. Johansen, Michele; Tigre, Lexie (3 септември 2009). „Rihanna's racy photoshoot for Vogue Italia: Mamma mia!“. Examiner.com. Посетено на 2009-08-03.

Надворешни врски

уреди