A Girl Like Me е вториот студиски албум на Р&Б пејачката Ријана. Тој е објавен од страна на рекорд компанијата Def Jam Records на 19 април 2006, 24 во Јапонија и на 25 април во Велика Британија и во САД. За производство на албумот Ријана има работено со Ивен Роџерс, Карл Стуркем, Stargate, и JR Rotem, со помош на уметникот Не-Јо, кој го има напишано вториот сингл од албумот. Албумот е комбинација на поп, реге и балади.
Од албумот се реализирани сингловите „SOS“, „Unfaithful“ и „Break It Off“. „SOS“ го постигна првото место на Билборд Хот 100. Албумот достигнува на петтото место на Билборд 200 во Велика Британија. Во САД има добиено Platinum сертификација.