SOS“ е денс-поп песна напишана од страна на Ј.Р. Ротем и Богарт за вториот албум на барбадоската пејачка Ријана насловен како „A Girl Like Me“ (2006). Песната содржи делови и сегменти од синглот на Soft Cell од 1981 наречен „Tainted Love“ кој е компониран од Ед Коб.

„SOS“
Сингл од Ријана
од албумот A Girl Like Me
Издаден 7 март 2006 (САД)
3 април 2006 (Франција)
Формат дигитално симнување, 12 инчен макси сингл, ЦД сингл
Снимен 2006
Жанр денс-поп, електропоп
Должина 4:00
Издавачка куќа Def Jam/SRP
Композитор Ј.Р. Ротем, Богарт, Ед Коб
Продуцент Ј.Р. Ротем
Хронологија на синглови на Ријана
If It's Lovin' That You Want
(2005)
SOS
(2006)
Unfaithful
(2006)

„SOS“ е реализирана како водечки сингл од албумот во 2006. Песната стигна до првото место во Австралија и Соединетите Американски Држави и се искачи до ТОП 5 на други музички маркети како Канада, Германија и Велика Британија.

Продукција и снимање

уреди

Песната е првенствено напишана од продуцентите Ј.Р. Ротем и Ивен Кид Богарт, син на Неил Богарт (пронаоѓач на „Casablanca Records“) Песната на почетокот и била понудена на Кристина Милан за нејзиниот трет албум „So Amazin“, но пејачката подоцна одбила и затоа Def Jam наместо на Милан и ја понудиле песната на Ријана.[1][2] Милан подоцна потврдила дека песната била премногу „поп“ за Р&Б пејач, а исто така негирала и дека била прашана за снимање на песната. Овие информации подоцна ги потврдила на својот форум.

Деловите „You got me tossin' and turnin'“ и „I can't sleep at night“ во рефренот се дел од песната на Ед Коб „Tainted Love“ од 1964, каде што текстот вели „And I've lost my light for I toss and turn - I can't sleep at night.“ Деловите како ѕвона во „SOS“ се дел од верзијата од 1981 на „Tainted Love“.

Главна тема на песната е заснована околу изведувачот на песната (Ријана) која што плаче за помош затоа што таа е изгубена без својот љубовник споменат во песната. Ремикси на песната се направени од страна на Џејсон Невинс, кој исто така има направено ремикси и за артисти како Мадона, Fall Out Boy, Good Charlotte, Кели Кларксон, LL Cool J и Пинк. Оваа песна била употребена и во филм наречен „True Confessions of a Hollywood Starlet“.

Наводи

уреди
  1. „EURweb.com - Black Entertainment“. eurweb.com. 13 јуни 2006. Архивирано од изворникот на 2011-05-22. Посетено на 2009-08-13. Text "Urban News" ignored (help); Text "Hip Hop News" ignored (help); Text "Black News" ignored (help)
  2. Lelinwalla, Mark (12 јуни 2006). „Island Def Jam Drops Christina Milian : VIBE.com“. Vibe (magazine). Архивирано од изворникот на 2008-12-02. Посетено на 2009-08-13.