„Pon de Replay“ е првиот реализиран сингл на барбадоската пејачка Ријана од албумот „Music of the Sun“ во 2005 година.

„Pon de Replay“
Сингл од Ријана
од албумот Music of the Sun
Издаден 22 август 2005
Формат дигитален даунлоад, 12" макси сингл
Снимен 2004
Жанр Денс- поп
Должина 4:07 (верзијата на албумот)
3:34 (радио уредување)
Издавачка куќа Def Jam
Композитор Вада Ноблес, Карл Стуркен, Ивен Роџерс, Алиша Брукс
Продуцент Вада Ноблес, Карл Стуркен, Ивен Роџерс
Хронологија на синглови на Ријана
„Pon de Replay“
(2005)
If It's Lovin' That You Want
(2005)

Реализација и успех

уреди

„Pon de Replay“ (или „Play It Again“) е песна напишана од страна на Вада Ноблес, Карл Стуркен, Ивен Роџерс и Алиша Брукс за првиот албум на пејачката Ријана насловен како „Music of the Sun“ реализиран во 2005 година. Продуциран е од страна на Ноблес, Стуркен и Роџерс и е реализиран како прв сингл од албумот во летото 2005. Песната се искачува на 2. место на U.S. Billboard Hot 100, станувајќи првиот сингл на Ријана кој се искачил во Топ 5. Исто така се искачува и на 1 место во Нов Зеланд, 2. место во Велика Британија и 6 и 7 место во Австралија и Канада. Елементи од Pon de Replay подоцна се позајмени во други музички проекти на различни Р&Б изведувачи.

Хитот Pon de Replay за првпат бил пуштен во етен на 17 март 2005 од страна на публицистот Џонатан Хеј заедно во соработка со Вада Ноблес на МТВ вестите.[1]

Музичко видео

уреди

Во музичкото видео коешто е режирано од страна на Little X, Ријана и нејзините пријателки пристигнуваат во клуб каде што сите се досадуваат и не танцуваат како резултат на тивката музика. Ријана се качува на сцената и ја пее песната, што ќе го натера DJ- от да ја попушти музиката и сите почнуваат да танцуваат. Видеото има добиено повеќе награди за популарност од МТВ и БЕТ. Се искачува на 2- то место на МТВ - Total Request Live и останува на таа позиција 37 дена. Видеото го достигнува и 4- тото место на BET's 106 & Park.

Список на песни

уреди
  1. „Pon de Replay“ (радио уредување) (Brooks, Alisha/Rogers, Evan/Sturken, Carl/Nobles, Vada) — 3:34
  2. „Pon de Replay“ (ремикс) (Brooks, Alisha/Rogers, Evan/Sturken, Carl/Nobles, Vada) — 3:37
  • ЦД макси сингл (Европска верзија)
  1. „Pon de Replay“ (Brooks, Alisha/Rogers, Evan/Sturken, Carl/Nobles, Vada) — 3:36
  2. „Pon de Replay“ (Cotto's Replay Dub) (Brooks, Alisha/Rogers, Evan/Sturken, Carl/Nobles, Vada) — 6:48
  3. „Pon de Replay“ (инструментал) (Brooks, Alisha/Rogers, Evan/Sturken, Carl/Nobles, Vada) — 4:05
  • Екстра:
„Pon de Replay“ (видео) — 3:37

Наводи

уреди
  1. „Index“. Архивирано од изворникот на 2010-01-09. Посетено на 2009-08-21.