Shut Up and Drive е песна напишана од страна на Карл Стуркен и Ивен Роџерс за третиот албум на поп ѕвездата Ријана насловен како Good Girl Gone Bad. Песната е реализирана како втор сингл од албумот во јуни 2007.[1] Иако песната се покажа како вистински хит не успеа да го покаже успехот на нејзиниот претходник Umbrella.

Shut Up and Drive
Сингл од Ријана
од албумот Good Girl Gone Bad
Издаден 12 јуни 2007 (САД)
24 август 2007 (Европа)
27 август 2007 (ВБ)
Формат Макси сингл, дигитален даунлоад
Снимен 2006
Жанр Поп рок
Должина 3:33
Издавачка куќа Def Jam Recordings
Композитор Карл Стуркен, Ивен Роџерс, Морис, Хук Самнер, Гилберт
Продуцент Карл Стуркен & Ивен Роџерс
Хронологија на синглови на Ријана
Umbrella
(2007)
Shut Up and Drive
(2007)
Hate That I Love You
(2007)

Забележан успех

уреди

Песната за првпат се појавува на американскиот Billboard Hot 100на осумдесет и осмото место, а за неколку недели се искачува и на петнаесеттото место, но не успева да го стигне успехот на нејзинииот претходник.[2] Исто така се искачува на десеттото место на американскиот Billboard Pop 100.

Кога станува збор за успехот на песната во Европа, завидлив успех песната постигнува во Швајцарија и Шведска, завршувајќи на четрнаесетото, но и на тринаесеттото место исто така. Голем успех имаше и во земји како Финска, Грција, Холандија, Ирска каде што е избрана во Top 5. Во земји како што се Белгија и Норвешка песната завршува во Top 20 меѓу сингловите. Во Велика БританијаShut Up and Drive“ завршува на 5 место со што станува 5- ти сингл на Ријана кој успева да заврши меѓу Топ 10 синглови. Песната исто така завршува и во Top 10 во Канада завршувајќи на 6- тото место во Канадскиот ХОТ 100.

Во Австралија „Shut Up and Drive“ за првпат се искачува на 4то место и станува вториот сингл од албумот којшто завршува во Top 5 синглови таму.

Исто така песната добро котира и низ радиските гласања во Македонија. Честопати се наоѓаше во Top 5.

Наводи

уреди
  1. MTV Архивирано на 26 април 2023 г..
  2. name=Reigns>Jonathan Cohen, "Rihanna's 'Umbrella' Reigns Again Atop Hot 100", Billboard.com, 14 јуни 2007.